Црна Гора и официјално ја поднесе кандидатурата на министерот за надворешни работи Игор Лукшиќ за Генерален секретар на Обединетите нации по истекувањето на мандатот на Бан Ки-Мун кон крајот на 2016 година.
Освен Лукшиќ, официјално кандидатура имаат поднесено Македонија, со поранешниот шеф на дипломатијата, Срѓан Керим и Хрватска со Весна Пусиќ.
Најсериозниот кандидат на Србија, Вук Јеремиќ рече дека нема намера да се кандидира.
НОВА неодамна објави дека засега во водство е Бугарија, од каде сериозни кандидатки за кандидатура на владата на Бојко Борисов се Ирина Бокова, која во моментов е лидер на УНЕСКО и Кристалина Георгиева, заменик-претседател на Европската комисија задолжена за буџетот.
Како што пишува Економист, македонскиот кандидат Срѓан Керим, речиси и да нема шанси во трката.
Генералниот секретар се избира со мандат од пет години. Најчесто тие продолжуваат со втор мандат. Него го именува Генералното собрание по препорака на Советот за безбедност.




