Црна Гора синоќа во Брисел успешно ги заврши дводневните пристапни преговори за НАТО.
Како што соопшти црногорското Министерство за надворешни работи тие следувале по добиената покана за членство од 2 декември лани.
Помошникот на генералниот секретар на НАТО за политички прашања и безбедносна политика Трасивулос Тери Стаматопулос изјави дека разговорите биле сигнал за напредокот на Црна Гора и дека членството во Алијансата само ќе ја зајакне нејзината безбедност и суверенитет.
Со вчерашните разговори, формално се завршени преговорите за членство на Црна Гора во НАТО, а процесот на пристапување продолжува со потпишување на Пристапниот протокол, по што следува процесот на ратификација од страна на земјите членки на Алијансата.
Паралелено Црна Гора ќе почне да присуствува и на сите состаноци на НАТО, а по ратификацијата, таа ќе стане 29. Членка на Алијансата.




