На записот од црната кутија на паднатиот А321 се слуша звук од експлозија. Според анонимен извор од истрагата кој го цитира агенцијата АФП , експлозијата не е последица од неисправност на еден од моторите на авионот.
Агенцијата „Франс-Прес“ исто така цитира свој извор кој изјавил дека податоците од летот и звучните записи покажуваат дека се било во ред додека 24 минути по полетувањето сењ случила ненадејна експлозивна декомпресија. Податоците ја поткрепуваат теоријата дека имало бомба во авионот, изјави изворот.
Во рамките на официјалната истрага во која се вклучени стручњаци од Русија, Франција, Германија, Ирска и Египет, помеѓу останатите, ќе биде проверена и верзијата за терористички акт, и ќе бидат анализирани сите прашања поврзани со безбедноста на авионите на аеродромот Шарм ел Шеик (дали имало пропусти во безбедноста кои можеле да придонесат за внесување во авионот на забранети предмети или материи). Не е исклучена ни техничка неисправност.
Руските власти повеќепати нагласија дека засега нема единствена верзија и дека треба да се користат исклучително официјални информации.




