Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЦИВИЛ бара разрешувања и истрага по глорификацијата на Ратко Младиќ

0
By Xhabir Deralla on August 30, 2026 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, УДАРНО, ФЛЕШ ТРИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, August 30, 2026 11:06

Организацијата оцени дека одговорот на Владата е задоцнет, селективен и недоволен и побара Обвинителството да ја испита можната кривична одговорност

ЦИВИЛ – Центар за слобода побара политичка, правна и институционална одговорност по објавите на Демократската партија на Србите во Македонија – ДПСМ и директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците, Далибор Китановиќ, со кои беше величан Ратко Младиќ.

Младиќ беше правосилно осуден на доживотен затвор за геноцидот во Сребреница, злосторства против човештвото и воени злосторства во Босна и Херцеговина.

„Неговата смрт не ги брише злосторствата, не ја менува пресудата и не ја намалува болката на жртвите, преживеаните и нивните семејства“, порача ЦИВИЛ.

ДПСМ, чиј претседател Иван Стоиљковиќ е министер во Владата, го претстави Младиќ во позитивен и херојски контекст. Китановиќ објави фотомонтажа во која Младиќ, заедно со четничкиот командант Дража Михајловиќ и други личности, е прикажан како еден од „генералите на небеската војска“.

ЦИВИЛ нагласува дека не станува збор за приватни ставови на маргинални поединци, туку за објави поврзани со владејачка партија, министер и директор на државна институција.

Организацијата го оцени досегашниот одговор на Владата како задоцнет, селективен и недоволен. Реакцијата пренесена преку медиумите се однесува само на Китановиќ и му остава можност да остане на функцијата доколку ја повлече објавата.

„Повлекувањето или бришењето на објавите не ја поништува одговорноста“, се наведува во соопштението.

ЦИВИЛ бара премиерот Христијан Мицкоски да покрене постапка за разрешување на Китановиќ, да се утврди одговорноста на Стоиљковиќ и да се покрене постапка за негово разрешување и законска одговорност.

Од Јавното обвинителство се бара да отвори предмет и да утврди дали објавите ги исполнуваат законските обележја за кривична одговорност според член 407-а од Кривичниот законик.

ЦИВИЛ го осуди и премолчувањето или маргинализирањето на злосторствата на Младиќ во дел од медиумите, оценувајќи дека систематското отстранување на злосторствата и жртвите од неговата биографија создава „намерно креирана информациска празнина“.

Организацијата побара и конкретни европски мерки против владите, институциите и политичките структури што промовираат или толерираат негирање геноцид и величање воени злосторници. Истовремено, повика на поголема поддршка за независните медиуми, граѓанското општество, интелектуалците и бранителите на човековите права во регионот.

Во соопштението се нагласува дека осудата на злосторствата на Младиќ не претставува непријателство кон српскиот народ, туку солидарност со демократските сили во Србија и регионот.

„Нема помирување без правда. Нема правда без одговорност. Нема одговорност без вистина. Нема европска иднина со величање воени злосторници.“

Целото соопштение е достапно на ЦИВИЛ МЕДИА.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.