Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЦИВИЛ: Прес во 18 часот -Зголемена активност на партиски активисти, сомнежи за поткуп на гласачи, ЦИВИЛ со остар протест поради попречувањeто на набљудувачите

0
By Zoran Ivanov on October 19, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, October 19, 2025 21:44

Влегуваме во финалето на изборниот ден од првиод круг на локалните избори. Во попладневните часови, почнувајќи од околу 15 часот, се бележи силно раздвижување на партиските активисти, изјави претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала, на почетокот на третата онлајн прес конференција на ЦИВИЛ посветена на изборниот мониторинг.

ЦИВИЛ објави дека од Гази Баба доаѓа извештај според кој едно лице пред едно избирачко место им делело пари на гласачите.

„Се бележи засилена активност со организиран превоз на гласачи до гласачкото место, што според искуството, може да упатува на изборен поткуп или притисоци врз гласачите“, изјави Дерала.

ЦИВИЛ остро протестира поради случаите во кои дел од избирачките одбори во текот на денот ја попречуваа работата на набљудувачите.

„Наш акредитиран набљудувач во Кичево, во населеното место Гарани, бил попречен да ја изврши својата должност. Ова се случува во текот на целиот ден, така што време е да вложиме остар протест против ова флагрантно кршење на демократските стандарди во изборниот процес!“, изјави Дерала и додаде дека со слични предизвици се соочиле и неколку новинари и фоторепортери во текот на денот.

Понатаму, ЦИВИЛ соопшти дека во повеќе избирачки места се бележат партиски набљудувачи кои ја вршат улогата на избирачките одбори, односно тие им покажуваат на гласачите каде да ги стават гласачките ливчиња.

Исто така, ЦИВИЛ соопшти дека од целата земја пристигнуваат извештаи дека на Избирачкиот список има починати лица на ИС. Досега се обработени седум случаи на оваа состојба на ИС.

„Цело време се бележи кршење на изборниот молк. Политичката пропаганда тече, како да е изборна кампања, а не ден на гласање“, изјавија претставниците на ЦИВИЛ на прес конференцијата.

„Со оглед на тоа дека со години се провлекува прашањето околу тоа кое ливче е важечко, а кое не, па често имаме извештаи во кои еден избирачки одбор се изјаснил на еден начин за начинот на кој е пополнето гласачкото ливче, а друг избирачки одбор на сосема поинаков начин, важно е да потсетиме на правилата“, објави ЦИВИЛ.

Организацијата ги потсети избирачките одбори на едно добро познато и сè уште важечко упатство на Државната изборна комисија во кое стои дека „за важечко гласачко ливче се смета и она гласачко ливче од кое на сигурен и недвосмислен начин може да се утврди за која листа на кандидати избирачот гласал“.

 

локални прес протест Цивил
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
ФОКУС
January 26, 2026

Историски највисока цена на златото – достигна над 5.000 долари за унца

ВЕСТИ January 26, 2026

Цената на златото денес за прв пат во историјата надмина 5.000 долари за унца, продолжувајќи…

Минеаполис: Растат тензиите откако Федерални агенти убија уште едно лице

January 25, 2026

Казните од Сејф Сити – од 20 до 400 евра

January 25, 2026

31-ви конгрес на СДСМ: Жестоки критики од Филипче за власта – Ја сведовте државата на последната дупка на Балканот – Европа не отпиша, Америка не нè запишува

January 24, 2026
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.