Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЦИВИЛ – Центар за слобода: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

0
By Xhabir Deralla on July 11, 2026 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, July 11, 2026 12:05

Сребреница не е само симбол на страдањето; таа е најстрашниот сведок на човечката суровост и погубната цена на меѓународната рамнодушност. Сребреница е крвавиот печат кој нè потсетува што се случува кога националистичката омраза ќе триумфира, а светот само ќе го сврти погледот настрана.

Пред точно 31 година, во срцето на Европа се случи незамисливо злосторство – геноцид. Во тој мрачен јули 1995 година, над 8.000 мажи и момчиња беа брутално ликвидирани исклучиво поради нивниот идентитет – затоа што беа Бошњаци и муслимани. Илјадници мајки останаа без своите синови, сестри без браќа, а деца без татковци. На жртвите не им беше дадена милост, а преживеаните беа осудени на вечна агонија и неправда. Таа болка не е историја – таа пулсира и денес.

Како организација чиј темел се слободата, човековите права и мирот, ЦИВИЛ денес не само што се сеќава, туку и силно предупредува. Длабоко се поклонуваме пред жртвите и стоиме во непоколеблива солидарност со нивните семејства. Нивниот нечуен крик е аларм до целото човештво: мракот на шовинизмот, национализмот и насилството не смее никогаш повеќе да добие простор.

Геноцидот во Сребреница, стои во соопштенитето на ЦИВИЛ центар за слобода, не е затворено поглавје. Тој е отворена рана и наша најтешка должност. Имаме цивилизациска обврска бескомпромисно да се спротивставиме на секој обид за негирање, релативизирање и бришење на вистината. Историскиот ревизионизам, засилен од мрежи за дезинформации и тактики на хибридна војна, е само продолжување на злосторството со други средства.

Тишината пред злото не е неутралност – таа е соучесништво. Затоа ЦИВИЛ гласно и недвосмислено порачува: Паметиме. Бараме одговорност и правда. Сребреница – никогаш да не се повтори!

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Србија по изборниот пресврт: Почнува ли расплетот во полицискиот и безбедносниот врв?

November 1, 2026

Украинската амбасадорка Лариса Дир се сретна со епископот Партениј: Благодарност за сочувството со украинскиот народ

October 31, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Србија по изборниот пресврт: Почнува ли расплетот во полицискиот и безбедносниот врв?

November 1, 2026

Украинската амбасадорка Лариса Дир се сретна со епископот Партениј: Благодарност за сочувството со украинскиот народ

October 31, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.