НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Д-р Бухова: Во тек е вонреден инспекциски надзор во Итна помош – Скопје, во Ургентен центар и на КАРИЛ

0
By НОВА ТВ Balaban on April 10, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вонредниот надзор утре ќе продолжи во Институтот за судска медицина.

На барање на министерот за здравство, Беким Сали, во тек е вонреден инспекциски надзор во ЈЗУ Здравствен дом Скопје – Итна медицинска помош, во Ургентниот центар и во КАРИЛ , изјави за НоваТВ, д-р Ирина Бухова Сотирова, директорка на ДСЗИ. 

Вонредниот надзор, кој го иницираше синоќа министерот Сали, по смртта на ракометарот на РК Бутел Денис Тот, утре ќе продолжи во Институтот за судска медицина.

– По завршувањето на истиот, за констатираната состојба ќе биде известен министерот, додаде д-р Бухова Сотирова.

Од ТОАРИЛУЦ КАРИЛ денеска испратија соопштение во врска со приемот и лекувањето на ракометарот Тот, кој почина завчера откако бил претепан пред дискотека во Градскиот парк по што паднал во бессознание.

Екипа на Итната медицинска помош, како што веќе објавивме, интервенирала веднаш по повикот околу 4 часот изутрина и му укажала итна помош, а  лекарите утврдиле слаб пулс и ниска сатурација, дека бил помодрен во лицето и во лоша здравствена состојба.

Потоа 28-годишниот ракометар бил пренесен во Ургентниот центар на скопските клиники, каде бил реанимиран и поставен на апарати за дишење, но по еден ден починал на КАРИЛ.

ОЈО вчера поведе истрага против три лица од Скопје кои со клоци и боксови по телото и по главата го удирале ракометарот, по што тој паднал со главата наназад на асфалтот.

Две лица се приведени, а едно е во бегство и по него е распишана централна потерница.

(Љ.Б.)

 

 

вонреден надзор Денис Тот ДСЗИ Ирина Бухова
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.