Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лекарите во пензија, здравството одвај преживува

0
By НОВА ТВ Terziova on June 13, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Д-р Марија Ралева член и редовен професор на Медицинскиот факултет во Скопје на Катедра за психијатрија и медицинска психологија и дел од Клиниката за психијатрија во отворено писмо до медиумите го споделува својот став за состојбата на Факултетот и во здравствените установи.

Во врска со пензионирањето на здравстевените работници кои навршуваат 64 години, а меѓу нив и голем број професори на Медицинскиот факултет при УКИМ, вели дека тоа ја прелило чашата во долготрајниот процес на уништувањето на јавно здравствениот систем и најстариот универзитет во земјава.

– Универзитетот би требало да биде независен од политиката, но долги години наназад се случува спротивното. Актуелно, вмешувањето на политиката во високото образование и здравството е кулминација на ваквите тенденции со иницијативата која доаѓа од Министерството за здравство да се интервенира во законот за пензионирање, со наложување здравствените работници, поточно лекарите и наставниците на Медицинскиот факултет со веќе навршени 64 г. да заминат во пензија за да се вработат млади кадри, вели Ралева во своето обраќање до јавноста.

И таа перспектива е оправдана и потребна, додава таа, но ако се случува обмислено и постепено, со едукација на младите, нивно формирање и постепено преземање на стручната и наставно-научната дејност.

– Но, процесите во тек на повеќе децении не се такви, бидејќи добро знаеме дека новите вработувања се одвиваат мошне контролирано, со централизирано донесување одлуки на министерството за здравство, со малку или никаква можност да се влијае или да се селектира кадар според принципот на извонредност и афинитет за одредено подрачје, истакнува Ралева во писмото.

Впрочем, цифрите зборуваат појасно од секое образложување.

На трите државни медицински факултети во 2021 г. на УКИМ дипломирале 179 студенти; на УГД (Штип) 297; а на Тетовскиот универзитет 350 студенти.

Соодносот на наставниот кадар на секој од трите медицински факултети е обратно пропорционален во поглед на продукцијата на доктори на секој од факултетите.

За споредба, само на Медицински факултет, Скопје има 142 редовни професори, а на Медицински факултет во Штип вкупниот број наставници во сите звања се 95, а на Медицинскиот факултет во Тетово, 32 се со редовно вработување, а 184 со договор на дело.

Постои тотална несразмерност во однос на распределба на финансиски средства, квалитет на обука, и квантитет на произведен кадар, потенцира таа и прашува за каков принцип на извонредност и квалитет можеме да зборуваме? И колку е потребно да се изгради солидно образован и стручен доктор на медицина, а потоа и да добие и специјалистичка надградба?

– Дури и да е целта да се згрижат овие продуцирани млади кадри, или да се задржат во земјата, за сметка на искусните лекари, тие нема да бидат во состојба да ја надоместат работата, бидејќи значително се намалува, а во некои области и се прекинува процесот на нивната специјалистичка едукација. За тоа веројатно треба да се обмисли многу посериозно, затоа што последиците кои произлегуваат од краткорочно донесените решенија се несогледливи по здравјето на граѓаните, како впрочем и целокупната политика на вработување на младите кадри, истакнува професорката во писмото до медиумите и јавноста.

Ралева е член и редовен професор е Катедра за психијатрија и медицинска психологија, при Медицинскиот факултете во Скопје.

– Во моментот постојат 3 различни специјализации коишто се одвиваат на Универзитетската клиника за психијатрија: клиничка психијатрија, детска и адолесцентна психијатрија и медицинска психологија. Специјализацијата по детска и адолесцентна психијатрија отпочна 2015 г. бидејќи потребата од детски психијатри стана горечка поради малиот број на вакви специјалисти (т.е. субспецијалисти), чиј број во моментот во нашата земја едвај изнесува 7. Од нив на единственото Одделение за детска и адолесцентна психијатрија при Клиниката за психијатрија во земјава работат 4. Ниту една државна специјализација од оваа област не е доделена до сега, а само 2 доктори завршиле приватна специјализација. Со интервенцијата на министерот за здравство, во пензија треба да заминат 2 супспецијалисти (детски психијатри), од кои еден наставник. Тоа значи дека целата специјализација од оваа област ќе остане без ментор, без едукатори и ќе треба да згасне. Тоа ќе се одрази и на другите специјализации кои се изведуваат на Катедрата, што долгорочно ќе се рефлектира врз севкупната грижа за менталното здравје на децата и младите, врз семејствата и врз самите пациенти, додава таа.

На крајот заклучува дека соочени сме со епидемија на ментално-здравствени проблеми кај децата и младите, бидејќи општествените проблеми директно се одразуваат врз менталното здравје на граѓаните, особено на најмладите, пред сѐ децата и младите во социјален ризик, децата изложени на насилство и злоупотреба, децата со невроразвојни растројства и особено растројствата од аутистичниот спектар, како и други состојби кои се одразуваат врз менталното здравје на најмладите, при што постои огромен јаз помеѓу потребите и достапноста на службите.

Со згаснувањето на специјалистичките и едукативните програми за оваа област уште повеќе ќе се опустоши дејноста во наредната деценија и апелира на преиспитување на одлуката, реална анализа на состојбата и предвидување на последиците што произлегуваат од овој чекор, затоа што тоа може дополнително да го разурне здравствениот систем и да придонесе за натамошно детериорирање на кревкото здравје на нашите граѓани.

– Да не заборавиме дека просечниот животен век на нашите граѓани во последните години е намален за неколку години (за мажи изнесува 71.6 години, за жени 75.3 години) во однос на просекот од 2018 г. (76,7 години) и просекот во ЕУ којшто изнесува 81 години, вели на крајот професор Марија Ралева.

доктори здравство Македонија Ментално здравје Пензија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.