Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Д-р Стојанов: Нема друго чаре освен вакцинација, особено на лекарите, војската, полицијата

0
By НОВА ТВ Balaban on July 28, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На вакциналните пунктови во државата и на терен, до вчера се вакцинирани вкупно 500.995 граѓани. Но за да стекнеме колективен имунитет против ковид-19 вакцина треба да прими 85 отсто од населението, порачуваат епидемиолозите. Надлежните најавуваат дека е можно воведување на порестриктивни мерки од есен за заштита од ковид-19.

Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска изјави:

– Нема да имаме друга можност освен да воведеме некаква форма на рестрикција. За мерките е разговарано и дополнително ќе разговараме со цел да го заштитиме целокупното друго население, а тие мерки ќе се однесуваат на невакцинираните. За конкретните мерки ќе се разговара подетално во август, изјави денеска Филипче.

Д-р Александар Стојанов, епидемиолог во скопскиот Центар за јавно здравје за НоваТВ вели дека проблемот со вакцинацијата не е само со заштитата од ковид-19, туку од поодамна, и со заштита од други болести.

–  Нема друго чаре освен вакцинација против ковид-19, и тоа за да имаме колективен имунитет треба 85 отсто од населението да се вакцинира. А ние веќе со години наназад имаме проблем и кај редовната, задолжителна вакцинација, бидејќи дел од родителите не сакаат да ги вакцинираат своите деца, па надлежните се обидуваа со потврди за запишување во градинка или во училиште да ги премислат.  Но сега е пандемија, вонредни се условите во целиот свет, па очекуваме моралниот момент да преовлада кај граѓаните. Но зачудува што кај докторите на пример, има само 35 отсто вакцинирани, а тие и со заклетва се обврзале дека ќе лекуваат луѓе, а со ова го ставаат и своето здравје на коцка, но и здравјето на пациентите! Сега-засега со закони сме ограничени, а и не сме Северна  Кореја за некои ригорозни одредби да се донесат. Но се чини дека нема друго чаре, освен со наредба за вакцинирање на јавните служби,  како војска, полиција помасовно да се заштитиме од ширење на вирусот – вели д-р Стојанов.

Тој додава – знаев дека ќе дојде до ова, сите трчаа првиот ден да се вакцинираат, а сега треба да ги молиме граѓаните…

– Тоа е и еден светски феномен – отпорот кон вакцинација, но нагласувам – нема друго чаре освен вакцинација! Еве веќе се јавува и делта 1 подсој на вирусот, па затоа решение е 85 отсто од граѓаните да се вакцинараат за да има колективен имунитет. Инаку, да, точно е дека ни една вакцина не е 100 отсто ефикасна, тоа варира…но се додека не се извакцинира поголемиот дел од населението, нема да стекнеме колективен имунитет од вирусот – додава д-р Стојанов.

Тој се осврнува и на вакцинација на децата.

– Септември е блиску, само уште еден месец и децата најверојатно ќе треба да тргнат на редовна настава во училиштата. И не само на настава, младите треба да се вљубуваат, забавуваат…  А од 1800 пријавени деца за вакцина, досега 600 ја примиле, а колку ученици има? Фајзер е безбедна вакцина и за деца и нив треба да ги заштитиме од зараза со вирусот. Повторувам – друго чаре нема, освен вакцинација во поголеми бројки, бидејќи бенефитот од вакцината е многу поголем отколку ризикот од вакцинацијата! Се паѓа во вода, ако самите не разбереме дека најдобра зашптита од коронавирусот е вакцината – порачува епидемиологот Стојанов.

Љубица Балабан

 

Александар Стојанов вакцинација епидемиолог рестрикција чаре
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.