НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Д-р Трајческа: Бараат детето да добие потпис „способен за натпревар“, и без да го прегледаме!

0
By НОВА ТВ Balaban on June 17, 2021 ИНТЕРВЈУ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Свеста за сериозноста на лекарските прегледи на спортистите е на многу ниско ниво. Дел од родителите ми велат „Ама детето има утре натпревар, дајте му печат, а прегледајте го друг ден!“ , па трескаат со врати, за жал! Чест на исклучоците! Без комплетен преглед во Заводот не издаваме потврда дека некој е способен да тренира. Кога се случи да почине ракометарот од Скопје по натпреварот, веднаш од клубовите навалија на прегледи, па цела недела ги прегледувавме ракометарите, предупредува во интервјуто за НоваТВ д-р Весна Трајческа Локвенец, специјалист по спортска медицина и раководителка на Службата за спортска медицина во Здравствен Дом Скопје.

За кусо време имаше два трагични случаи на спортските терени – во почетокот на јуни почина млад ракометар на РК Бутел од Скопје, 20-годишниот Марко Божиновски, кој, откако се вратил дома по натпреварот, легнал и заспал. И, за жал, не се разбудил. Пред неколку дена, среде фудбалскиот натпревар Данска – Финска на теренот се струполи фудбалерот Кристијан Ериксен кој колабираше и се најде во безживотна состојба, но, за среќа, преживеа. Д-р Трајческа Локвенец алармира што сè се случува во ординациите на Заводот, колку се важни и неопходни овие прегледи за спортистите и рекреативците, колку од овие состојби можат да се откријат преку прегледи, а кои се „темпирана бомба“ и не можат ниту да се дијагностицираат…

Д-р Весна, зошто откажува срцето среде утакмица, што се случува ?

– Сè почесто сме сведоци на ненадејна смрт на терен кај спортистите. Некогаш на прашањето зошто се случува „тоа и тоа“ кај професионални спортисти кои ги имаат претходно сите можни медицински иследувања едноставно немаме одговор. Факт е дека тука е поместена границата за возраста и тоа се случува кај сè  помлади спортисти пред кои допрва е кариерата, но едно е сигурно – професионалните спортисти се изложени на екстремен напор, секојдневни тренинзи и по два пати дневно, натпревари минимум два во неделата и тоа е една од причините зошто срцето страда.

При такви ситуации на ненадејно колабирање станува збор за инфаркт и единствен спас  во тие први минути (или секунди ) на срцево оживување е дефибрилатор.

Кои срцеви аномалии и заболувања може да предизвикаат ненадејна смрт и кај обичниот човек, а камоли кај спортистите?

– Срцевите аритмии се најчеста причина за ненадејна смрт. Иако теоретски, секоја тахиаритмија или брадиаритмија може да доведе до смрт, вентрикуларната тахикардија и фибрилација се најчестите аритмии. Потоа, големите анатомски нарушувања какви што се руптура на комора, руптура на аорта, дисекција на аорта или масивна тромбемболија поретко се причина за ненадејна смрт. Удар во пределот на срцето Comotio cordis може да биде причина за смрт. Исто така и структурни нарушувања на срцето какви што се хипертрофична миокардиопатија, мали коронарни артерии или вродена аортна стеноза. Кај овие лица се сретнуваат и наследни болести како продолжен ST синдром. Досега се откриени неколку болести кои се јавуваат поради мутација на барем 7 гени коишто го регулираат транспортот на јони низ клеточната мембрана.

Во некои ретки случаи причина за фатална аритмија е и примена на забранети стимуланси-ефедрин, дроги и др. А големиот психички стрес е предиспониорачки фактор за ненадејна смрт. Во моментот, да не го заборавиме и Covidot – особено последиците коишто ги остава кај спортистите – нагласува д-р Весна.

Колку од овие животозагрозувачки состојби можат да се откријат преку прегледи и во Заводот за спортска медицина, а кои се „темпирана бомба“ и не можат да се дијагностицираат? 

– Дел од овие состојби може да се откријат при превентивни лекарски прегледи  со 12-канално ЕКГ, со тест на оптеретување и ЕКГ по оптеретување, ергометриски тестирања – стрес тест, евентуално Holter 24-часовен за ЕКГ , ЕХО кардиографија и магнетна резонанца на срце. Но, некогаш, и покрај сите овие испитувања, може да не се открие ништо, па да настане ненадејна смрт, нагласува д-р Трајческа Локвенец.

Вие давате согласност за некој спортист или ученик да  може да тренира и професионално да се бави со спортот. Дали некој се дрзнува да бара и без преглед да го добие мислењето дека е способен да тренира?

– Да, има такви, за жал. Но за тоа не се виновни само децата спортисти, туку, пред сè, дел од родителите и секако – тренерите! На првите кои на овој преглед гледаат како нешто што, покрај сите обврски што ги имаат во текот на денот, ќе им одземе и време и чекање и затоа се сведува на одење на прегледи каде се добива потврда на брз начин, а всушност без никаков преглед.  А на дел од тренерите не им е пак воопшто битно тоа што се пишува во спортско медицинската потврда, препораки и заклучок, едноставно им е битен печатот „Способен за тренинг и натпревари“ и повторно доаѓаме до тоа – не им е битно каде е направен прегледот, важно пред делегатот да се покаже дека има печат „способен“.
Како реагираат дел од родителите кога ќе дојдат со децата на преглед во Заводот? Дали некои бараат влез на „мала врата“ за детето побрзо да ја добие потврдата?

– Ако Ви кажам дека минатата година некаде летото кога почнаа полека да се враќаат на тренинзи на отворено, заради пандемијата, доаѓа на закажан преглед мајка (јас мислев дека таа е пациентката) а потоа  гледам по годините дека треба да е девојче од 10 години и ја прашувам: „Ајде, каде е спортистката?“, а таа ми одговара: „Не ја земав, знаете како е сега со коронава, па да не се зарази шетајќи по прегледи?!“, а доаѓа, нели за потврда!

Или пример – влегува детето на преглед со родителот, а родителот си гледа во телефонот додека трае  прегледот и си пишува пораки?! Има безброј вакви примери за тоа колку дел од родителите се сериозни за важноста на прегледите.

Иако, морам да истакнам, и дека во последно време имаме многу повеќе прегледи, што зборува за фактот дека на некои од родителите веќе им е битно нивните деца да бидат соодветно прегледани, а не „колку да  помине“. И тоа е поради нивната меѓусебна комуникација и размена на мислењето (меѓу родителите), што нас особено нè радува.

Зошто сите овие испитувања кај спортистите и рекреативците мора да се направат ? 

– Наше е да им објасниме за сериозноста на ситуацијата, па може да побараме дополнителни испитувања кои, за жал, во ова време на корона многу тешко успеваме да ги закажеме затоа што нема термини, а ни се неопходни, па врз основа на тоа спортистот може привремено да го тргнеме од тренинзи, да паузира, додека некоја состојба се подобри или, за жал, некогаш и да дадеме забрана за професионално бавење со спорт.

Спортско-медицинската потврда ја даваме по извршен преглед кој се состои од лабораториски анализи,  антропометрија, ЕКГ, тест на оптеретување и ЕКГ по оптеретување, стрес-тест и спирометрија.

Како се обидуваат да ве убедат родителите да пропуштите некој и без преглед ? На што сè се подготвени? Зарем свеста кај некои граѓани е на толку ниско ниво и кога сопственото дете е во прашање?

– Свеста е голема за значењето на овие прегледи само кога, за жал, ќе се случи ваква немила ситуација, е тогаш и без конкретна потреба се бараат дополнителни прегледи за кои сепак ние (специјалистите по спортска медицина одлучуваме), а не тренерите, родителите и спортските федерации.

Кои јавно-здравствени установи имаат право да ги вршат овие прегледи ?

Здравствен Дом Скопје – Службата за спортска медицина е нашата матична установа, Институтот за физиологија, и уште две приватни здравствени установи во Скопје, а во останатите градови имаме во Битола, Прилеп, Струмица ,Кавадарци, Охрид, Гостивар. Само да напоменам дека, за жал, имаме многу малку специјалисти по спортска медицина!

Пишува: Љубица Балабан

 

д-р Весна Трајческа Локвенец Завод за спортска медицина колабирање спортист тренинзи фатална аритмија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.