Да му овозможиме на Шарли да продолжи да живее! Со оваа реченицата новинарите од Франс Телевизион, Радио Франс и весникот Монд ги повикаа преку соопштение, сите медиуми од земјата да и помогнат на редакцијата на сатиричниот неделник да продолжи со своите активности.
Трите медиумски групи пишуваат: „Соочени со хорор ги ставаме на располагање на Шарли Ебдо и неговата екипа сите наши човечки и материјални средства за да може Шарли да продолжи да живее„.
Трите групи ги повикуваат другите да им се придружат во оваа акција „за да се сочуваат независноста и слодобата на изразување кои се гаранти на нашата демократија.„
Истовремено во повеќе градови во Франција, но и во франкофонскиот дел на Белгија, илјадници луѓе се собираат на плоштадите и во тишина протестираат, носејќи транспаренти на кои пишува „Јас сум Шарли„
Оние кои немаат транспаренти креваат пенкало како симбол на слободата на изразувањето.




