Published: Wednesday, May 27, 2026 12:21
Живееме меѓу две силни теми: Србија и Бугарија.
Звонко Каров: Како да сме постојано свртени кон север или исток, а многу поретко кон самите себе.
Еден ден со часови се анализира што кажал Вучиќ , што значи „српскиот свет“, каква била пораката од Белград, кој каде бил на средба,што кажал.
Следниот ден — што рекол некој бугарски европратеник, историчар или министер, каква била провокацијата, навредата или условот од Бугарија.
И така со години.
Не значи дека нема причини за внимание.И Србија и Бугарија имаат свои интереси, свои политики и свои влијанија. Понекогаш тие директно нè засегаат. Но, проблемот е што кај нас анализата често преминува во опсесија.
Се создава чувство дека нашата иднина зависи само од туѓите намери.
Како да сме народ што постојано чека што ќе кажат другите за да знае како да се чувствува.
Во меѓувреме, ни бегаат сопствените проблеми.
Понекогаш изгледа како полесно да ни е да се занимаваме со туѓите стратегии отколку со сопствената неодговорност
Сериозна држава не живее во постојана нервоза од соседите, туку во јасна свест за сопствените интереси.
Извор: Фејсбук



