Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дачиќ: Ја почитувам оставката на Ружиќ, но не ја поддржувам оставката на остатокот од владата

0
By Ана Василевска on May 9, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, May 9, 2023 14:21

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави дека постои закана од политизација на масовните убиства во Србија, дека ја почитува оставката на министерот за образование Бранко Ружиќ, но не и дека ја поддржува оставката на остатокот од владата, јави дописникот на МИА од Белград.

„Јас сум последниот човек на светот што треба тоа да го прашате, никогаш не сум за оставка, секогаш сум за борба“, рече Дачиќ на прес-конференција.

На новинарско прашање зошто не отишол пред ОУ „Владислав Рибникар“ каде што се случи масовното убиство, како ниту претседателот Александар Вучиќ, ниту премиерката Ана Брнабиќ, Дачиќ одговори дека во МНР е отворена книга на жалост и дека тој прв се запишал.

„Ова се монструозни злосторства. Јас сум постар човек, па се сеќавам на другите, бев и во политиката во тоа време и кога имаше криминал во Јабуковац, Иванча. Единствено што се плашам е дека оваа ситуација ќе се политизира, дека врз основа на оваа трагедија се размислува за политички ефекти“, рече тој.

Дачиќ додаде дека не ја гледа индивидуалната одговорност на Ружиќ, што тој „придонел или згрешил“, туку дека ја почитува неговата одлука, поради објективна одговорност.

Бранко Ружиќ Влада на Србија Ивица Дачиќ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.