https://www.facebook.com/srbtel.mk/videos/1419320014831070/
Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ во изјава за „Танјуг“ рече дека денеска е „недвосмислено утврдено со јасни докази дека постои засилено офанзивно разузнавачко делување против Србија и Амбасадата на Србија во Македонија во што е вмешан и странски фактор“.
Ние синоќа го известивме МНР на Македонија дека го повлекуваме целиот персонал на амбасадата во Македонија на итни консултации во Белград затоа што недвосмислено утврдивме со јасни докази дека постои засилено делување против Република Србија во целина и нашата амбасада таму во што е присутен и странски фактор, рече Дачиќ.
Како што наведе, Србија ќе ги преземе сите мерки да се подготви за работа во такво опкружување и да ги заштит своите интереси и да ја преиспита својата способност и капацитети за обавување на таква работа во такви услови.
„Веќе следната недела по состанокот кој овде ќе го имаме со претседателот Вучиќ дел од нашиот персонал ќе биде вратен, а амбасадорот ќе биде вратен подоцна кога ќе завршиме со сите консултации во Белград, најави Дачиќ.
„Сакаме добри односи со Македонија, да градиме добри односи, но нашите обврски се да ги заштитиме нашите интереси во согласност со основните принципи на меѓународната дипломатија“.