Премиерот на Србија Ивица Дачиќ го отфрли барањето на српската опозиција за организирање на предвремени парламентарни избори. Опозиската Демократски партија го обвини премиерот Дачиќ за поврзаност со црногорскиот нарко бос Дарко Шариќ. Дачиќ признал дека имал контакти со извесен Родољуб Радуловиќ, познат како Мишо Америка, осомничен за шверц на кокаин.

„Тука има 29 члена на организираната криминална банда на Дарко Шариќ и меѓу нив го нема Мишо Радуловиќ. Тоа се единствените податоци со кои располагав. Ова отвора ново прашање. Зошто не бев предупреден и кој контраразузнавачки ги штити највисоките државни функционери?“, изјавил Дачиќ.

Дачиќ порачал дека владата е стабилна и дека функционира нормално.