Посетата на албанскиот премиер Еди Рама во Белград не ја оствари целта, но не е безначајна, смета потпретседателот на српската влада Ивица Дачиќ. Додава дека двете земји не се веќе толку далеку во односите после остварената средба.
– Доколку се види зошто беше организирана посетата, а беше пофалена и од меѓународната заедница, дури и со Меркел зборувавме за тоа во Брисел, сепак целта не е остварена, да после неколку децении се нормализираат односите и да свртиме нова страница, изјави Дачиќ за РТС.
Тој вината за тоа ја гледа во внатрешните политики на Еди Рама, односно вели Дачиќ, изјавите на албанскиот премиер воопшто не биле најавени како такви.
– Затоа резултатите не се според очекуваното, вели српскиот министер за надворешни работи, додавајќи дека сепак пробиен е мразот после една средба која се очекуваше околу 70 години.




