Премиерот на Србија, Ивица Дачиќ, денеска во Скопје порача дека Република Србија нема никакви територијални, културни, ниту било какви претензии кон Македонија, туку напротив, сака да продолжи да биде најдобар пријател на македонскиот народ како и на македонската држава.

Дачиќ на Светосавската академија во Скопје, по повод 27 јануари, кој македонската влада го прогласи за национален и државен празник на Србите во Македонија, изјави дека Србија и Македонија немаат нерешени прашања.

„Овде во Македонија сакам да го кажам она што и Свети Сава го говореше, а тоа е „сакај го ближниот свој, а ние немаме поблизок народ од македонците од останатите народи во бивша Југославија“, рече премиерот на Србија.

Дачиќ на Србите што живеат во Македонија им порача дека покажале зрелост кога денот на Свети сава го избрале за свој државен празник.