Српскиот премиер Ивица Дачиќ покрена судска постапка за казнување на одговорните кои довеле до тој да биде жртва на скриена камера, изјави специјалниот советник на премиерот за национална безбедност Ивица Тончев.

Тој истакна дека луѓето од „Невозможна мисија“ на ТВ Коперникус „ја злоупотребиле довербата и пријателството што премиерот го има кон новинарите“.

Во продолжение, Тончев наведува дека Дачиќ не дозволил да се емитува спорната снимка на која водителката без гаќи го интервјуира премиерот, а целиот случај ќе биде испитан, бидејќи како што вели тој, скриената камера е потсмевање со Србија, а не со премиерот.

Дачиќ ќе ги искористи и законските основи за да ги санкционира тие што го прекршиле законот или новинарскиот кодекс.