Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Дајте ни права, а не цвеќе“ – силна порака од жените по повод 8 март

0
By Biljana on March 8, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
Фото: Printscreen
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 8, 2022 13:46

Со скандирање „Правда, правда, социјална правда“ и „Не ни треба цвеќе дајте ни права“, неколку стотини жени, но и преставници на посилниот пол, денеска одржаа мирен марш за да испратат порака за еднаква вклученост на жените во општествениот живот.

Во Република Северна Македонија вработени се помалку од половина од жените на работоспособна возраст, а разликата на стапката на вработеност помеѓу мажите и жените е двојно поголема од еворпскиот просек и една од највисоките во Европа, алармираа организаторите Платформа за родова еднаквост. Според нив, јазот во невработеноста помеѓу мажите и жените бил подеднакво висок како и пред 20 години.

Фото: НоваТВ

„Велите мајка ми седи дома таа е домаќинка. Велите жена ми седи дома, таа не работи. Но тоа не е така, овие жени работат секој ден. Над 220.000 жени кои статистиката ги брои како домаќинки и кои се економски неактивни, работат секој ден, а не заработуваат од својот труд. Зависни се од приходите на домаќинството, овие жени се под постојан ризик од економски насилство и ја живеат староста без пензија“, рече Јана Коцевска од Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство.

Оттаму додаваат дека во време на пандемија со Ковид-19, жените биле тие што секојдневно учеле со своите деца додека училиштата беа затворени, а мајките ризикувале да ја загубат својата работа кога децата останаа дома поради затворените градинки.

Фото: НоваТВ

„Години наназад тексилните работнички се една од најранливите категории на граѓанки чии работнички права се најподложни на прекршување. Неисплаќање на минимална плата, бланко откази, субстандардни услови во погоните, вознемирување на работните места се само дел од проблемите со кои се соочуваат текстилните работнички со години наназад. Жените од руралните средини, пак, беа економски погодени од затворањето на пазарите и намалувањето на продажбата на земјоделските производи. Во две години од пандемија, жените од руралните средини не беа опфатени со ниту една мерка“, велат од Националната мрежа алармирајќи дека одлучувачките структури во јавните институции најчесто ги предводат мажите што, според нив, говори дека стереотипите се уште се присутни во општеството.

Фото: НоваТВ

Побараа еднаков пристап до здравствени услуги, еднаков пристап до јавен превоз и информации, еднаков пристап на пазарот на трудот, подеднаква грижа за децата и повозрасните членови на семејството, за политичко учество на жените во општеството и родова еднаквост која што ќе биде видлива во секое домаќинство.

Маршот се одржа под слоганот „Сиромаштијата има женско лице“. 

И од Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ, по повод Денот на жената, алармираат за нееднаквата положба на жените во општеството и неефективната правна заштита од семејното насилство. Велат иако семејното насилство е законски регулирано од 2004 година, државата сеуште не ја обезбедува бесплатната правна помош која е потребна за  жените да можат да се заштитат од насилството и да ги решат правните проблеми со кои се соочуваат, како што се разводот на бракот, старателството, издршката врз децата, делбата на имотот итн.

„Дури 70% од жените што претрпеле семејно насилство не се информирани за можноста за користење на бесплатна правна помош во постапката за изрекување на привремени мерки за заштита и постапката за развод  на брак, додека 55% од нив  не се задоволни од обезбедената стручна помош од Центарот за социјални работи и Министерството за правда“, велат од Здружението ЕСЕ, кое повеќе од 20 години обезбедува правна помош за жените кои претрпеле семејно насилство.

Во таа насока, со јавноста споделуваат и видео материјал со сведоштва на три жени кои побарале помош во Центарот за правна помош при ЕСЕ.

Клучен проблем, според Здружението е ограничениот пристапот до пазарот на труд и невработеноста.

„524. 000 жени од вкупниот број на работоспособни жени (842.000) се невработени или пак неактивни учесници на пазарот на труд. Најголем број на невработените жени се на возраст од 15 до 29 години и имаат комплетирано средно образование“, вели Дарко Антиќ од ЕСЕ и додава дека жените се повеќе ангажирани во спроведување на неплатена работа во рамки на домаќинствата (нега, помош, итн.) или во производство на производи за сопствена употреба.

На Денот на жената, од Здружението ја истакнуваат потребата за доближување на основните здравствени услови поблиску до жените.

„Во 2022 година речиси половина од жените во Македонија немаат избрано матичен гинеколог поради тоа што во државата недостасуваат 130 матични гинеколози на примарно ниво, а во 40 општини нема ниту еден матичен гинеколог“, алармираат од Здружение ЕСЕ.

Во меѓувреме, Министерството за здравство отпочна активности за организиран скрининг за рана детекција на рак на грло на матка. Со скринингот ќе бидат опфатени жените на возраст од 36 до 45 години, кои во последните три години не направиле ПАП тест. За нив прегледот ќе биде бесплатен. За закажување достапна е веб платформата skrining.mk.

Инаку, според податоците кои ги објави Здружението ЕСЕ, 2020 година само 5,6% од жените биле опфатени со скрининг на рак на грлото на матката, додека  со скрининг на рак на дојка биле опфатени 0,3% од жените на возраст од 50 до 69 години. Од оваа подмолна болест, секоја година животот го губат околу 300 жени од рак на дојката и 40 жени од рак на грлото на матката.

(Б.Божиновска)

8 март Здружение ЕСЕ Национална мрежа против насилство врз жените и семејно насилство протестен марш родова еднаквост Сиромаштијата има женско лице
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
ФОКУС
January 28, 2026Updated:January 28, 2026

Работниците до владата на Мицкоски: Нашата борба продолжува!

ВЕСТИ January 28, 2026

Работниците побараа до крајот на идната недела пратениците да изгласаат зголемување на минималната плата. Пред…

ССМ протест – Пешевски: Генерален штрајк во приватен сектор за првпат во историја на Македонија! Не сме роботи, храниме фамилии!

January 28, 2026

Скопје: СДСМ и Левица го поддржуваат протестот и барањата на работниците

January 28, 2026

ССМ денеска на протест за зголемување на минималната и сите останати плати

January 28, 2026
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.