Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дали Г7 е застарен модел

0
By Нова ТВ on June 8, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, June 8, 2018 08:54

Шефовите на држави или влади на на седумте најголеми индустриски нации денеска се среќаваат во Канада. Се очекува непријатна средба, со голед на гилемите разлики во ставовите со САД. Ангела Меркел денеска патува за Канада на средбата на Г7 свесна дека и претстојат не многу радосни денови.

Денеска и утре шефовите на држави или влади од Германија, Франција, САД, Канада, Јапонија, Италија и Велика Британија на покана на канадскиот премиер се среќаваат во Шарлевоа. „Секому му е јасно дека таму ќе се одвиваат тешки дискусии“, рече канцеларката во средата во Бундестагот.

Ако на минатиот самит во италијанското место Таормина се работеше само за Парискиот климатски договор, кога претседателот на САД зазеде позиција спротивна на сите останати лидери, САД во меѓувреме и во многу други точки се разијдуваат од мислењата и ставовите на останатите Г7-држави.

„Јасно е дека од напуштањето на Климатскиот договор од страна на САД во оваа група има несогласувања“, вели Меркел.

„Истиот ефект го има и најавата за казнени царини на челик и алуминиум кои ние ги сметаме за противправни.“ Истото, според неа, важи и за откажувањето на Атомскиот договор со Иран од страна на САД.

Завршното коминике се уште не е дефинирано

Кој сака да разбере колку е затегната ситуацијата доволно е да фрли поглед на подготовките во врска со самитот. Во изминатите недели напорно се работеше и сепак т.н. „Sherpas“, главните преговарачи на Г7-државите, се далеку од тоа да најдат заеднички именител за различните позиции, анализира Дојче веле.

До почетокот на самитот, а веројатно и потоа интензивно ќе се преговара, се вели од извори на германската влада. Според истите, се работи на тоа да се најде најмал заеднички именител, вели претставник на владата кој работел на неколку самити на Г7. Овојпат, вели тој, не е полесно од изминатите години.

Дали самитот во сабота ќе се заврши со заедничко коминике е нејасно, а таква е проценката и на канцеларката. Од германска страна се вели дека напорите одат во таа насока, но надежта полека се губи, бидејќи заеднички став подразбира да се има консензус. Во завршното коминике во Таормина се дефинираше и разликата во ставовите по прашањето на заштитата на климата. Но, каква би била ползата од заедничко соопштение ако во Канада на ист начин се третираат сите спорни теми?

Сите против еден

Не би смеело да се заостане зад резултатите од последните Г7 и Г20 самити, предупредува германската канцеларка Ангела Меркел. „Ние ќе водиме сметка за тоа“, ветува таа. „Не верувам дека треба да има натамошно разводнување на резултатите кои ги постигнавме изминатата година.”

Заради тоа во меѓувреме сериозно се размислува дали не би било подобро на крајот на самитот да даде изјава само канадскиот претседавач со самитот. Во него би можел да ги истакне заедничките вредности како мултилатералноста, заложбите за слободна трговија и преземањето одговорност за меѓународната заштита на климата. Со оглед на тешката ситуација, тоа би бил веројатно „поискрениот пат“, вели Меркел. „Нема смисла разликите произволно да се налепуваат една на друга.“

Но, каква вредност има тогаш еден Г7-самит? Дали се навестува крајот на овој политички формат? Претседателите и премиерите на Г7 досега се гледаа како заедница која се залага за мултилатералност, односно меѓународно единство и систем на вредности базиран на одредени правила. Тие вредности не смеат да бидат чепнати и на тоа германската влада полага најголемо значење. „За уредување на глобализацијата која сите нѐ засега нема ништо подобро од мултилатералниот пристап, наместо сѐ да се остава на поединечни чинители кои ги гледаат само сопствените интереси, а не и општото добро“, постојано нагласува канцеларката Меркел.

Хармонијата е лански снег

Тоа пак не менува ништо на фактот дека хармонијата која беше долги години главен сигнал што се испраќаше од Г7-самитите, веќе е минато. Со Доналд Трамп на чело на САД уште долго ќе се чека на сликите од премиери и претседатели кои во опуштена атмосфера и полни со верба и во најдобро расположение ѝ се презентираат на јавноста.

Канадски весник неодамна во свој напис групата ја нарече „раскарана банда“. Министерот за финансии на Франција, Бруно Ле Мер, по минатонеделната „напната и тешка“ средба со неговите Г7-колеги зборуваше за „Г6 + 1“. Заедничка финална изјава од канадското место Вистлер тогаш немаше. Преголемо било негодувањето и кавгата околу казнените царини на САД за увоз на челик и алуминуим.

„Г6 + 1“

Средбата на министрите за финансии би можела да се сфати како најава за тоа што може да се очекува од самитот денеска и утре. По средбата во Вистлер не се постигнале поедноставни услови за преговори, се вели од гермнски извори. Сепак, никој не сака да се откаже од Г7. Во вакви времиња било екстремно важно да се одржуваат вакви средби. Каде инаку би била можноста за отворен разговор на шефовите на држави или влади во еден тесен и затворен круг?

Освен заедничките работни состаноци, во Канада ќе има можност и за билатерални состаноци. Канцеларката Меркел, на пример, за првпат ќе се види со новиот италијански премиер Џузепе Конте. Времето ќе покаже како Италија ќе се постави во кругот на Г7. На видео-конференцијата на преговарачите, што се одржа во понеделникот, учествуваше претставникот на досегашната италијанска влада. Неговиот наследник треба да се приклучи на кругот на преговарачи дури во текот на неделата. Канцеларката Меркел сака да одржи средба во четири очи и со претседателот на САД, Доналд Трамп. Во тешки времиња треба по секоја цена да се одржува почеста комуникација отколку вообичаено, закучува Меркел.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.