Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дали Гадафи ја финансирал изборната кампања на Никола Саркози

2
By Нова ТВ on March 20, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Прашањето што денес истражниот судија му го поставува на поранешниот француски претседател Никола Саркози е дали неговата престедателска изборна кампања во 2007 година била финанисирана од пари од режимот во Либија и поранешниот диктатор во Либија Гадафи.

Истрагата за ова финансирање се води веќе пет години и денес за прв пат полицијата го приведе Саркози да распит и можеби притвор од 48 часа пред да одлучи дали екс шефот на државата ќе биде обвинет за корупција. Истрагата ја води Централното биро на борба против корупцијата и финансиски и даночни престапи (OCLCIFF) во близината на Париз.

Истовремено на распит е и Брис Хортефу, политичар близок до Саркози и министер за внатрешни работи за време на мандатот на Саркози.

Судиите се интересираат за финансиски трансакции во кои се вмешани повеќе лица блиски до Гадафи. Поранешни високи функционери од Триполи и франко-либискиот посредник Зиад Такиедин.

Скандалот изби во 2012 година откако влијателниот сајт Медијапарт објави документ на Муса Куса, поранешен шеф на надворешното разузнавање на Либија. Читањето на документот наведува на помислата дека Либија ја финансирала кампањата на Саркози.

Во ова досие беше обвинет Клод Геан кој беше генерален секретар на Елизејската палата зо време на владеењето на Саркози. Судиите истражуваат за трансакцијата од 500.000 евра испратени на сметката на Геан во март 2008 година од адвокатска фирма во Малезија. Тој тврди дека станува збор за пари од продажба на две уметнички слики.

Истрагата доби пресврт во 2016 година по изјавите на Такиедин за Медијапарт. Тој изјави дека пренел 10 милиони евра во кеш од Триполи до Париз во 2006 година и на почетокот на 2007 година. Тие пари му биле предадени на Клод Геан, а потоа парите му биле дадени и на Саркози кој тогаш беше министер за внатрешни работи. Овие зборови тогаш ги потврди и поранешниот директор на военото разузнавање на режимот на Гадафи во Либија.

Но други функционери ова го демантираа а поранешниот шеф на државата секогаш тврдел дека е невин.

Истрагата разгледува повеќе елементи

Предмет на истрага е и сомнителната продажба во 2009 година на една вила на југот на Франција за 10 милиони евра. Вилата била продадена на Либиецот Башир Салех, поранешен министер за финансии на Либија.

Истрагата се сомнева дека бизнизменот Александр Џури е вистинскиот сопственик на вилата, дека тој ја продал вилата на Салех за премногу висока цена. Салех во моментов е во егзил а во февруари беше ранет со куршум во Јужна Африка. Француската правд распиша меѓународна потерница по него и сака да го сослуша.

Џури беше уапсен во јануари во Лондон исто така по меѓународната потерница на француската правда. Тој беше во притвор а потоа ослободен со кауција а потоа уште еднаш затворен на крајот на февруари. Џури има здравствени проблеми со срцето и се наоѓа во болница во Лондон, тврди извор близок до истрагата за агенцијата АФП.

Уште еден елемент се наведува во еден извештај на OCLCIFF од септември 2017 година: забележана била значителна трансакција на пари во кеш во блиската околина на Саркози за време на кампањата во 2007 година а Геан во тоа време често користел пари во кеш за плаќање.

Според Ерик Вурт, поранешен министер и човекот што се грижеше да парите во претседателската кампања, и неговиот заменик Винсан Талвас, изјавија дека парите доаѓале од приватни донации. Овој аргумент беше доведен во прашање за време на други распити на повеќе лица помеѓу кои и човекот што бил задолжен за поштата во партијата на Саркози за време на кампањата. Тој им рекол на судиите дека никогаш не видел коверти со пари во кеш.

Еден од блиските на Саркози, Лоран Вокие, пред неколку недели изјави дека екс претседателот ги прислушкувал неговите министри додека бил на чело на Франција. Обвинувањето беше отфрлено од Саркози но ова е уште еден сомнеж за можниот начин на неговото владеење.

Премиерот на Франција Едуард Филип, кој порано беше член на партијата на Саркози, утринава изјави дека не сака да коментира за да не влијае врз правдата.

Чудната париска посета на диктаторот Гадафи

Во 2010 година Саркози со сите почести го прими во официјална посета Муамер Гадафи. Според новинарите на Медијапарт, посетата била еден вид подарок на Саркози за Гадафи како благодарност за помошта во изборната кампања. Шефот на државата ги жртвувал своите вредностите за валкани пари, вели Фабрис Арфи, автор на една книга за врските помеѓу Саркози и Гадафи.

Оваа посета предизвика лавина реакции, пред се во Франција. Саркози го прими Гадафи па дури му дозволи да отвори шатор во дворот на Хотелот Марињи, официјална резиденција на странските гости на претседелот на државата. Гадафи ги примаше луѓето со кои имаше договорено средби во Франција во шаторот.

Остана нејасно што беше целта на оваа посета, една година пред смртта на Гадафи кој беше обвинуван за тероризам во западниот свет. Според француските медиуми двете држави тогаш договориле инвестиции во областа на енергетиката, нуклеарната енергија за цивилни потреби и оружјето.

 

Гадафи истрага Корупција Либија Никола Саркози
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.