Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дали и Каплан како и Бидер е само пион во нафтената индустрија?

0
By Нова ТВ on July 12, 2016 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 12, 2016 15:51

Ниту една институција за сега не се заинтересира да истражи кои се луѓето кои стојат позади Балкан петролеум холдинг фирмата која сака да го превземе Макпетрол. И покрај сомнителните имиња кои се појавуваат и мрежата на повеќе офшор компании ниту финансиската полиција ниту комисијата за хартии од вредност не се одзваа на прозивиките, објавува Телма.

До сега само двајца се појавија како официјални претставници, првиот е Ури Бидер кој според информациите на Телма вршел притисоци врз акционерите за продажба на акциите.

Вториот е Александер Каплан кој пред неколку дена дошол во земјава за да даде интервју за интернет портал, а во својство на претставник на Балкан Петролеум.

Ако на интернет се истражат и двете имиња, тие имаат неколку заеднички работи. Зад нив стојат сомнителни луѓе, и двајцата биле директори на рафинерии кои пропаднале и двајцата имаат по неколку компании на дестинации кои се офшор даночни раеви.

Од она што до сега го дознава Телма, а сведочеа и романски новинари истржувачи израелецот со украински пасош Ури Бидер бил само пиун на луѓе кои ја уништиле најголемата рафинерија во Романија Рафо.

Според новинарите тоа се луѓе кои се вклучени во црни бизниси во Русија, а по протекувањето на информациите од панама пејпрс Ури Бидер беше поврзан со сомнителниот руски олигарх Михаил Черни. А со уште еден контроверзен олигрх но овој пат од Украина, Сергеј Курченко, се поврзува и името на Александар Каплан, кој деновивее актуелен со интервјуто за плановите на како што вели неговиот тим од Балкан Петролеум. Каплан бил директор во рафинеријата на Курченоко, Ветек која по превземањето во 2013, не работела. Курченко е човекот кој од 2014 се нашол на црната листа на европаската унија. Како причина Унијата напишала – Лицето подлежи на кривична постапка од страна на украинските власти за проневера на јавни фондови и средства. Токму поради ова Курченко е протеран од Украина.

И покрај тоа што Телма располага со многу документи кои ја докажуваат поврзаноста и на Бидер и на Каплан со многу сомнителни имиња и фирми до сега нема интерес од институциите.. Ниту една не се заинтересира за сомнителните инвеститори кои стојат зад фирма Балкан Петролеум, регистрирана во британија но со корени кои водат преку кипар па се до девствените острови. Капиталот со кој е основана Балкан Петролеум е 1000 евра, а таа треба да уплати банкарска гаранција од 47 и пол милиони евра за да докаже дека е сериозен играч на нафтениот пазар.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
shortcut
ФОКУС
June 26, 2026

САД извршија нови напади врз Иран

ВЕСТИ June 26, 2026

Беа погодени ракетени магацини, дронови и радарски локации покрај брегот на Оман, како одговор на…

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

June 25, 2026

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.