Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Мултимилијардерот Илон Маск се „прослави“ со својот Твит во кој „мудро“ и „непристрасно“ ја претстави својата „визија“ за мир меѓу Русија и Украина. Неговото „височество“ на својот твит му додаде и анкета, божем, не мора да значи дека твитот е негово мислење, туку ги изнесува своите предлози на гласање. Нешто како „еве, само гласно си размислувам.“ Чиста манипулација.

 

Еве што напиша Илон Маск:

Украинско-руски мир:

– Повторете ги изборите во анектираните региони под надзор на ОН. Русија ќе замине ако тоа е волјата на народот.

– Крим формално е дел од Русија, како што беше од 1783 година (до грешката на Хрушчов).

– Водоснабдувањето на Крим е обезбедено.

– Украина останува неутрална.

Сепак, може и вака:

Украинско-руски мир:

– русија заминува од Украина, плаќа воени репарации

– Путин се изнесува пред Меѓународниот трибунал за воени злосторства

– Слободни избори во русија, под меѓународна супервизија

– Украина останува слободна да му се придружи на било кој сојуз

– @elonmusk (Илон Маск) престанува да шири рашистичка пропаганда. Фала, Илон! Чекај, дали напишав „фала“? Мислев нешто друго.

Се прашувам, дали Илон ќе гласа за моите предлози за мир меѓу Украина и агресорите?