Портпаролката на Европската комисија, Ана Писонеро, денеска изјави дека одлуката дали Скопје ќе го прифати или не ревидираниот француски предлог за решавање на билатералниот спор со Бугарија ќе биде суверена одлука на Северна Македонија.

„Премиерот Ковачевски започна широки консултации со сите релевантни актери во државата. Консултациите се во тек, а одлуката за ревидираниот предлог ќе биде суверена одлука на Северна Македонија“, вели Писонеро.