Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дали НАТО е клинички мртво?

0
By Нова ТВ on December 3, 2019 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, December 3, 2019 18:42

Откако францускиот претседател Емануел Макрон го нарече НАТО „клинички мртво“, американскиот претседател Доналд Трамп ги оцени неговите зборови како пакосни. Трамп исто така изјави дека може да ја види Франција отцепена од Западната воена алијанса.

Интервјуто на францускиот претседател Емануел Макрон со „Економист“ ќе биде запаметено за неговите критики кон НАТО, а не за неговите ставови за иднината на Европа.

Избрани експерти дадоа одговор на прашањето за предизвиците на надворешната и безбедносната политика што ја обликуваат улогата на Европа во светот. Еве ги нивните одговори:

 

Ноа Баркини, визитинг предавач на Институтот Меркатор за кинески студии

Да. НАТО треба да биде реосмислено за дваесет и првиот век.

 

Николас Бакуетериски, директор на Институтот Монтаин

Не постои начин да се знае дали мозокот на НАТО е мртов или не. Одговорот ќе го даде американскиот претседател и американскиот електорат во 2020 година. Како Европејци, ние треба да сториме сè што е во наша моќ да го зајакнеме НАТО што е можно повеќе и да бидеме подготвени за денот кога тој нема да постои.

 

Олаф Бахеберлин, директор на Расмусен Глобал

Особено се согласувам со Макрон дека ни треба отворен политички дијалог. Неколку земји треба да ја завршат својата домашна задача – особено кога станува збор за можностите. Притисокот од САД е добар, но треба да биде многу поконструктивен.

 

Доминик П. Јанковски, политички советник и шеф на политичкиот оддел на Полската постојана делегација во НАТО

2019 година требаше да биде голема роденденска забава за НАТО. За жал, прославите не поминаа точно како што беше планирано. Всушност, на секоја забава имате две главни групи: оние кои доаѓаат за добро да се забавуваат, и оние кои се придружуваат главно за да го критикуваат домаќинот.

Сепак, 2019 година ја потврди политичко-воената супстанција, која е вистинскиот лепак на НАТО. Во бројни прилики, ова се покажа како поважно од огнените говори и дигиталната реторика. Во 2019 година, НАТО испорача.

Списокот на конкретни одлуки останува робустен и, меѓу другото, вклучува: усвојување на црноморскиот пакет; забрзување на воената адаптација како одговор на руското кршење на Договорот за ИНФ; ажурирање на основното барање за цивилни телекомуникации да опфаќа 5G; препознавање на вселената како оперативен домен; целосна операционализација на контра-хибридни тимови за поддршка како посветен инструмент за да им помогне на сојузниците да одговорат на хибриден напад; усвојување на првиот патоказ за справување со пробивните и нови технологии.

НАТО е живo и клоца. Ако Емил Зола требаше да ја напише својата позната статија денес („J’Accuse…!“), Сигурно немаше да станува збор за НАТО и неговата безидејност.

 

Александер Граф Ламбдорф, пратеник во Парламентот во Германија од Слободната Демократска Партија

Всушност, мислам дека Емануел Макрон во исто време е во право и не е во право. Тој е во право дека турското однесување и американското однесување биле некоординирани – без консултации меѓу сојузниците. Потребна е повеќе политичка, координативна улога. Тој не е во право што го употреби овој термин (мртов мозок), затоа што го засени неговото многу интересно интервју, затоа што во суштина ги засени одличните идеи што ги содржи.

 

Клаудија Мејор, главен сениорски соработник во Здружение за меѓународна безбедност во Германскиот институт за меѓународни и безбедносни работи

Не. Воено, НАТО работи. И тоа добро. Политички, тоа е тешко заради американскиот фактор и Турција. Постои вистински предизвик да ги задржиме Европејците обединети. Прашањето за мене е: Како ќе организираме европска одбрана за десет или петнаесет години?

 

Улрич Спек, Сениор визитинг предавач во Германскиот Маршал фонд на Соединетите држави

Не. Имаме широк договор во трансатлантскиот сојуз да ја одвратиме Русија и да ја браниме територијата на НАТО, особено на источното крило. Дебатите што се одвиваа беа оперативни. Нема потреба од широка стратешка дебата, затоа што постои договор меѓу земјите на НАТО за мисијата.

 

Тара Варма, шеф на париската канцеларија во Европскиот совет за надворешни односи

Не мислам дека е мртов мозок. Но, ние треба да ја направиме Европската Унија позначајна како воен и политички актер.

 

Линет Маргарет Вуд, австралиски амбасадор во Германија

Не. Тоа беше хиперболичен коментар. Не можете да кажете дека е мозок мртов кога нејзините сили се уште се во Авганистан и на Балканот. Јас го разбирам како позитивна провокација за генерирање дискусија за европската безбедност и пошироко.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.