Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дали руските закани на Македонија се пукање во празно

2
By Нова ТВ on March 22, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, March 22, 2018 17:03

Последната порака од Русија дека присоединувањето на Македонија во НАТО ќе има негативни последици за регионалната безбедност и билатералните односи ја зголеми загриженоста во домашната и меѓународната јавност.

Британскиот амбасадор Чарлс Гарет во колумна за „Независен“ пишува дека  настанот со  поранешниот руски агент и неговата ќерка Сергеј и Јулија Скрипал, во Солзбери, Велика Британија, каде беа цел на првата агресивна употреба на нервен отров е само дел од серијата прекршувања на меѓународното право, по Крим, Источна Украина и Грузија, неуспешниот воен удар во Црна Гора и сајбер-нападите на германскиот Бундестаг, на данската влада и други. Но, Гарет предупредува дека ништо не е исклучено- ваков напад може да се случи и во Македонија:

„Изминатата недела, според официјално руско соопштение за медиуми, нивниот заменик-министер упати закана кон Македонија дека чекорот кон членство во НАТО може да има негативни последици за регионалната безбедност и за билатералните односи….

…Настаните во Солзбери покажуваат колку далеку е подготвена да оди Русија за да ги нападне оние што имаат различни цели и мислења…Овој инцидент се случи во мирен провинциски град во Британија, следен пат може да биде на македонска почва или во вашиот роден град, пишува Гарет.

Британскиот амбасадор во Макеоднија потенцира  дека спорот на Британија не е со рускиот народ – чија храброст за време на Втората светска војна не е заборавена, туку со амбицијата  на Кремљ да ја подели и да ја ослабе меѓународната заедница.

За Мирче Адамчевски, дологодишен дописник од Москва, заканите од Русија упатени кон Македонија покажуваат дека Русија не кренала раце од Балканот. Според него, Русите ќе се обидат да влијаат преку маргинални партии и во македонскиот но и во албанскиот блок.

„Заканите од Русија во овој момент се пукање во празно, бидејки во Македонија има подршка од 75 проценти за влез во ЕУ и НАТО, за разлика од Црна Гора каде што  се обидоа да влијаат на референдумот бидејќи таму половина од Црногорците беа за НАТО, а половина беа против.  Во Македонија, Русија може да се обиде да привлече некои маргиналци како Јанко Бачев  и одредени групи во  албанскиот блок вели Адамчевски.

Според него, треба да се очекува дека Русија ќе се обиде да го придобие  разочараното  населението доколку Македонија не влезе во НАТО.

Руското влијание деновиве е во фокусот на Балканот- овонеделната турнеја „Руски Балкан“ на моторџиите „Ноќни волци“ во Босна, отвори многу дилеми и во регионот. Босанските власти ја прогласија групата за закана за безбедноста и го забранија влезот на нивниот  лидер.

Со наслов: „Дали Босна е нова Украина“Ал Џезеира пишува дека иако групата рекла дека има намера  “да го истражува културното влијание на Руската империја на Балканот”,  многумина се вознемирени дека групата има друга агенда. Властите се загрижени дека ноќните волци предизвикуваат антизападно расположение во насока на сепаратистичко движење меѓу Србите во земјата, пишува Ал Џезеира.

Руската амбасада во Босна ги отфрли сите идеи дека мото клубот претставува закана за безбедноста.”За жал, во оваа неоснована кампања, вклучени се и босанските власти, чија главна задача е да ја зајакнат безбедноста, а не да ја поткопаат”, се вели во изјавата на амбасадата во “Ал Џезира”.

Ал Џезеира потсетува и на извештајот објавен минатата недела од страна на Институтот за надворешни истражувања со седиште во Соединетите Американски Држави. ,,Со поддршката на сецесионистички сили во Босна, Русија се надева дека може да го оштети кредибилитетот на НАТО и да го ослабне трансатлантскиот сојуз “, се вели во извештајот, а како групи од витално значење за руските интереси кои работат под маската на регистрирани невладини организации  ги набројуваа „Српска чест“, „Ноќни волци“ и Ветераните на Република Српска.

 

Адамчевски Гарет Москва Скрипал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.