Published: Saturday, July 18, 2026 13:51
Сенад Арслан: Драги мои гостиварчани, дали сега ви е важно на кој јазик нешто е напишано и кое знаме е истакнато?!
Дали сега ви е важно ВАШ човек да биде вработен во водовод, а не некој од оние ДРУГИТЕ?!
Дали ултимативното климање со глава пред „вашата” партија е поважно од здравјето и животот на вашите деца?!
Дали пак ќе биде секое чудо за три дена, па овој пат крива ќе биде пумпата?!
Додека не се сплоти народот, ништо чудно да продолжат да ви сервират од она што ниту се јаде, ниту се пие.
Патем, секој град во Македонија е потенцијален „Гостивар”!
Извор: Фејсбук



