Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дали Владата (и власта) треба да прифатат да ги почитуваат законите и уставот?

0
By Marija Todorovska on April 7, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 7, 2025 15:18
Тоа што владата нема воопшто опција за “дали треба или не треба да го прифати внесувањето на Бугарите во уставот”, туку има обврска тоа да го направи (уставни амандмани), е на размерот на целосно доведување во заблуда на анкетираните, еднакво на заблудата дека “владата” е таа “што ги внесува Бугарите во уставот”, а не собранието кое е задолжено за оваа обврска на државата – значи на било која власт, а не влада, нова или стара, сеедно.

Никица Корубин
Следното прашање кое некое здружение на граѓани (од невладиниот сектор), грандиозно именувани како “институти”, треба да го постави во некоја своја анкета, а кои со години, интензивно се занимаваат со мерење на јавното мислење, е токму тоа од насловот. Затоа што, токму тоа е смислата (и намерата) на многу честите прашања во анкетите, во врска со мислењето на граѓаните за обврските на државата – меѓународните договори (Охридскиот договор, Преспанскиот договор и Договрот со Бугарија)- претставени како субјективен избор, по вкусот и желбите на конзументите. Како што е и најновото истражување по нарачка на медиум, кое го има истиот “манипулативен шмек” – дали треба, да се прифати нешто што е обврска:
“Дали новата Влада треба да прифати внесување на Бугарите во Уставот според сегашните услови или не треба да прифати дури и по цена на повторно одложување на почетокот на преговорите со Европската Унија – истражувањето на јавното мислење нарачано од емисијата „Детектор“, спроведено од Институтот за политички истражувања на репрезентативен примерок” – објавено во Фокус.
Тоа е на нивото на прашањето, “дали граѓаните треба да прифатат да ги плаќаат даноците, сметките за комуналии и услугите” или веќе посоченото “дали Владата треба да прифати да ги почитува законите и уставот”. Звучи екстремно и тенденциозно, нелогично и сугестивно? А, што е точно разликата помеѓу овие две прашања и прашањето од анкетата кое “триумфира” со заклучокот (и побитно медиумскиот наслов): “Против Бугари во Уставот се 82 отсто од Македонците и 11,3 отсто од Албанците”. И едното и другото е обврска, ама само едното (Бугарите во устав) се третира како избор.
Тоа што владата нема воопшто опција за “дали треба или не треба да го прифати внесувањето на Бугарите во уставот”, туку има обврска тоа да го направи (уставни амандмани), е на размерот на целосно доведување во заблуда на анкетираните, еднакво на заблудата дека “владата” е таа “што ги внесува Бугарите во уставот”, а не собранието кое е задолжено за оваа обврска на државата – значи на било која власт, а не влада, нова или стара, сеедно.
И наместо да се занимаваат граѓаните со лажни дилеми и правно невтемелени прашања, кои не кореспондираат со реалноста, добро е истите граѓани да се потсетат, за обврските на државата и причините, зошто тие обврски се уште не се исполнети целосно, од наша страна. Па, кога веќе интензивно се преиспитува, дискредитира и компромитира Охридскиот рамковен договор, да се потсетиме дека токму тој беше темелната причина зошто, во 2005 година ЕУ го додели кандидатскиот статус на БЈРМ (тоа сме ние тогаш како држава), како времена референца поради интензивното одбивање на партиските елити (и сите други) да ги исполнат обврските од Времената спогодба, под покровителство на Советот за безбедност на Обединетите нации, за спорот за името со Грција; па ЕУ ни вели:
“Способноста да се преземат обврските од членството, вклучително и придржувањето кон целите на политичката, економската и монетарната унија.” – Совет на ЕУ, 2005 година.
Со таа “способност да се превземаат обврските” самите сме се согласиле со испраќање на барањето за добивање на кандидатски статус во 2004 година, која сме ја усвоиле во Собранието 2005 година, а сме ја повториле и во 2007 година, во законодавниот дом, највисоката уставна власт, со зборовите:
“(Република Македонија)Ја потврдува својата цврста решеност да ги преземе сите потребни политички чекори и активности, неопходни за отворање преговори за членство во Европска унија” – Собрание на Република (Северна ) Македонија, Резолуција донесена на 27 ноември 2007 година.
Ако, државата ја има обврската усвоена од собранието за “својата цврста решеност да ги превземе сите потребни политички чекори и активности, неопходни за отворање преговори за членство во Европската унија”; преку свеста и обврската за “способноста да се превземаат обврските од членството” дадени од ЕУ, како и кон кого, нашите “невладини” здруженија на граѓани, институти и истражувачки центри за јавното мислење, треба да го упатат прашањето за “Бугарите во уставот”? Кон граѓаните или кон властите – владата, собранието, претседателот?
Затоа што со “замената на тези”, “играта со зборови”, “криење позади параванот на граѓаните” и антагонизирање на стратешките договори за опстанокот на функционална држава, базирана на владеење на правото – почитување и спроведување на меѓународните договори кои се над националното право и се интегрирани во него – нема да се избегне обврската и одговорноста. Обврската државата ефективно да ги започне преговорите со ЕУ и одговорноста зошто таа обврска, се избегнувала и избегнува од 2005 година. 20 години статус-кво, добар јубилеј ли е за вистинските прашања? Што вели перцепцијата, време ли е за реалноста?
Од Фејсбук ѕидот на авторката
Бугари ЕУ Никица Корубин Устав
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.