Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дали во јуни почна предвремена кампања за локалните избори?

0
By Sashko on June 5, 2021 ПОЛИТИКА
Фото: most.org.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На повеќе од четири месеци пред најавениот термин за локалните избори – втората половина на октомври, веќе се познати имињата на дел од кандидати за градоначалници, главно од најголемите политички партии, коишто веќе започнаа неформална кампања. Веројатно пописот закажан за септември во комбинација со олабавување на ковид мерките придонесоа за тоа. Нема разлика дали станува збор за опозицијата или за власта кампањата е веќе почната, а граѓаните и експертите ќе речат дека за некои воопшто и не прекинала.

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев изминатава недела присуствуваше на настани во неколку делови од земјата. Актуелниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов потврди дека повторно ќе се кандидира за оваа позиција, а тоа го направи и градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, посочувајќи дека ги надминал несогласувањата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети на настан во Липково му даде поддршка на тамошниот градоначалник, што се смета за почеток на селекција на кандидатите за градоначалници и советници од оваа партија, и најави дека денеска ќе излезе со платформа која првично ќе биде дискутабилна и со големи дебати како што се дебатираше за „првиот албански премиер“. Во јавноста експресно тоа беше протоколувано дека се работи за заеднички кандидат за градоначалник на Скопје со СДСМ, што вчера беше негирано лично од Заев.

Во меѓувреме опозициската ВМРО-ДПМНЕ исто така има постојани активности на терен со граѓаните. Лидерот на партијата Христијан Мицкоски и други опозициски функционери реализираат средби и посети низ целата територија на земјата.

Од Беса има засега потврдени, но се уште неофицијални информации дека лидерот Билал Касами ќе се кандидира за градоначалник во Тетово, додека потпретседателот на Собранието Фадил Зендели во Гостивар.

Во Охрид беше промовирано учество на локалните избори на независна група граѓани.

Државната изборна комисија ги избра членовите на општинските изборни комисии, а започна и постапката за јавна набавка на терминали за вчитување на биометриски податоци. Претседателот на ДИК Александар Даштевски рече дека и покрај тоа што првата јавна набавка беше поништена, терминалите навреме ќе бидат набавени.

Има неофицијални најави и дека некои од пратениците би можеле да бидат кандидати за градоначалници, а тоа, доколку нема предвремени парламентарни избори, би ја сменило и парламентарната структура.

Останува дилемата со каков модел ќе одиме на локалните избори и дали партиите ќе постигнат согласност за воведување на отворени листи, нешто за што се залага ДОМ и други политички партии. Дали работната група ќе излезе со ваков предлог пред Парламентот останува да се види, иако тоа е малку веројатно.

Како се подготвуваат партиите за локалните избори? 

Иако во јавноста неделава почнаа да се објавуваат имиња на дел од кандидатите, пред се, за градоначалници, а за некои може да се претпостави дека се потенцијални кандидати имајќи ги предвид кампањите што ги водат на социјалните мрежи како Фејсбук, на пример, речиси во сите партии со чии претставници контактираше МИА се прават анкети и анализи за можни кандидати и градски татковци и советници. Тие сепак ќе мора да ги минат партиските филтри, но и да добијат согласност од базата.

Премиерот и претседател на СДСМ Заев изјави дека СДСМ на 8 јуни ќе има седница на Централниот одбор на којшто треба да биде донесена одлука за шеф на републичкиот штаб, за правилник и постапка и критериуми за номинирање на кандидатите за градоначалници и советници што очекуваат да бидат номинирани од базата. Некаде во втората половина на јуни, додаде тој, СДСМ ќе почне со проверки преку теренски анкети за да добие информации што им е најважно на граѓаните во делот на номинацијата на кандидатите.

 

кампања локални избори Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.