Калина Коси: Дали знаевте дека во секој нормален град има служби кои треба да вршат надзор и инспекција заради наша безбедност?
Најстрог надзор над градбите заедно со крововине што летаа денес ко лист од хартија заковани само со по 2 шајки!
На семафорите што секој ден ги гледаме искривени или како висат над раскрсница ко на конец!
Некој треба да ги проверува и дрвата низ градот, корените, старост, болест, може ли да издржи и колкав ветер … оние дрва што денес паѓаа ко крушки! Исто и бандерите, трули ли се, дотраени, длабоко ли се закопани?
Рампите за коли, се клатат ли, фино ли се заварени …
Споменици и рекламни паноа, можат ли да се откачат и летнат …
Контејнерине стабилни ли се или при ветар можат да се шетаат по улици?
Лудаци, некој можеше да погине денес!
Ќе речев, тоа ли треба да се случи за да преземат службите навреме нешто, наместо сега откако се откачи се диво низ градов да искачаат на терен?
Ама ни тогаш ништо не би презеле! Што се 1, 2, 3 жртви? Нас 63 деца живи ни изгореа, па никому ништо!
Се по старо!
Дали знаевте дека во секој град имаме вакви служби?
Епа имаме.
За декорација и клати врата – зимај плата.
Најверојатно кадарни ко Комуналец од Гостивар!
Извор: Фејсбук



