Published: Tuesday, February 9, 2016 10:29
Амбасадорот на Словенија во Обединетите нации, Андреј Логар официјално му ја предаде кандидатурата на својот колега Данило Тирк за нов генерален секретар на ОН.
Тирк некогаш беше претставник на Словенија во ОН. Тој е професор по меѓународно право а како претседател со земјата управуваше од 2007 до 2012 година.
Тирк ја ужива поддршката од владата на премиерот Церар како и претседателот Борут Пахор.
НОВА пишуваше дека помеѓу повеќето кандидати од Западен Балкан, во водство се кандидатките од Бугарија, за кои се уште се очекува официјална номинација за една од нив од владата на премиерот Борисов, а според „Економист“, нашиот кандидат, Срѓан Керим речиси и да нема никакви шанси.




