НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Даниловски за НОВА: „Фајзер“ и „Модерна“ се најсоодветни за оние кои нема да развијат антитела од „Синофарм“

0
By Biljana on May 25, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вакцините на „Фајзер“ и „Модерна“ се најсоодветно решение за оние граѓани кои нема да развијат антитела по примена втора доза од вакцината на кинескиот производител „Синофарм“. Ваков став сподели за НОВА, епидемиологот Драган Даниловски. Тој вели дека не е погрешно овие лица да примат и трета доза од истиот производител, но подобро би било тоа да е некоја од помодерните вакцини произведени врз база на мРНА технологија.

„Впрочем, таква можност наговестуваа неодамна и официјални претставници од компанијата ‘Синофарм’. Според мене, повеќе држи тоа да биде ‘Фајзер’ или ‘Модерна’, зашто тоа се вакцини со висока имуногеност, а тоа е потребно кај постари лица со исцрпен имунолошки систем, за да се предизвика адекватен имун одговор“, вели за Нова професорот Драган Даниловски.

Од Министерсвото за здравство за сега немаат дефинитивен став по ова рашање. Оттаму ни одговорија дека Националниот комитет за имунизација ги прати препораките на светските регулаторни тела и оти официјален став по ова прашање ќе прецизираат следниот месец.

И директорот на Имунологија, Александар Петличковски, за медиумите вели дека не е исклучена можноста овој проблем да се надмине со втора ревакцина од различен производител и состав.

„Во однос на примањето на две различни вакцини против ковид 19, Петличковски смета дека  не би требало да се појави некој сериозен проблем по мешање на дози од различни вакцини“, рече Петличковски во интервју за „Локално“.

Сепак, докторите апелираат граѓаните да не брзаат со испитувањето на ниво на антитела во организмот бидејќи вакцините од различен производител бараат и различен временски париод за да создадат имунолошки одговор. Токму испитувањето на антитела е нешто што стана навистина популарно со корона пандемијата и за што се водат опсежни дебати на социјалните мрежи.

И имунизолите се согласни дека интересот за испутување на антитела на Институтот на имунологија и хумана генетика е голем, но она што според докторите е многу важно е клеточниот имунитет кој се создава по примена вакцина, а кој е клучен во борбата со корона пандемијата.

Веројатноста граѓаните да се разболат по примена вакцина не е исклучена, но сепак докторите гарантираат дека болеста не биде блага и без сериозни последици по здравјето.

Во меѓувреме, Министерството за здравство објави податоци според кои дури 22 пациенти кои примиле барем една доза од вакцината починале како последица од Ковид 19 во С. Македонија, а вирусот го фатиле 664 вакцинирани граѓани.

„Од вкупниот број на заразени после вакцинација 664, 456 се потврдени како позитивни во првите 14 дена од датумот на вакцинација, што укажува на фактот дека најверојатно веќе биле во период на инкубација во моментот кога ја примиле вакцината. Од вкупниот број на починати лица 22, 17 се во првите 14 дена од датумот на вакцинација, кои најверојатно биле во период на инкубација во моментот кога ја примиле вакцината“, информираат од Министерството за здравство.

Докторите се погласно коментираат дека анти ковид вакцината има тенденција да стане редовна, сезонска вакцина како онаа за сезонски грип. Но, според директорот на Имунологија, тоа би се знаело дури следната година.

До сега во С. Македонија се вакцинирани над 220.000 граѓани, а интерес за вакцинација изразиле 400.284 граѓани.  Близу 50 отсто од повозрсните граѓани на над 70 години примиле барем една доза од анти корона вакцината, покажуваат бројките на Министерството за здравство.

Билјана Божиновска

даниловски драган даниловски ковид вакцина Ковид-19
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.