Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Данска од денеска без, речиси, никакви мерки: Нема носење маски, нема ковид потврди

0
By Sashko on February 1, 2022 СВЕТ
Фото: economictimes.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 1, 2022 15:31

Данска од денеска ги укинува речиси сите мерки и покрај се поголемиот број на новозаразени со коронавирус. Така, Данците, меѓу другото, повеќе не мора да носат маски и да покажуваат потврди за прележан ковид-19, се укинува и скратеното работно време за гастрономија и повторно се дозволени поголеми собири. На сила остануваат само одредени ограничувања за влез во земјата.

Вечерва се отвораат и ноќните клубови. Патниците можат да се возат во автобус без маска, а продавниците можат да го укинат ограничувањето на бројот на клиенти. На сила остануваат само правилата за тестирање и изолација при влез во Данска кои ќе важат уште четири недели.

Повеќе од 60 проценти од луѓето се вакцинирани со третата доза

Владата го оправда укинувањето на мерките со големиот број на вакцинирани граѓани: повеќе од 60 отсто веќе ја примиле третата доза. Дополнително, и покрај наглото зголемување на бројот на заразени, здравствената заштита не е преоптоварена, бидејќи омикрон сојот очигледно предизвикува болести со поблаги симптоми, пренесува „Дојче веле“.

Данска со денови бележи по 40-50.00 нови случаи на ден. Властите проценуваат дека околу 80 отсто од населението е заштитено од тешки болести.

Со оглед на тоа што омикронот не е сериозна болест за вакцинираните, сметаме дека укинувањето на мерките е разумно, сметаат епидемиолозите.

Граѓаните се повикани на лична одговорност

Граѓаните се повикани на лична одговорност, бидејќи нема повеќе маски или сертификати за коронавирус, а 64 отсто од анкетираните Данци рекоа дека ѝ веруваат на нивната влада за проблемот со ковид-19.

Тамошната јавна здравствена служба претпоставува дека коронавирусот во иднина ќе биде како грип и дека ќе се враќа брановидно, што, додаваат, може да бара ревакцинација на постарата популација.

Обединетото Кралство, Ирска и Холандија објавија слични одлуки минатата недела за укинување на повеќето ограничувања за коронавирусот, иако бројките за инфекција со омикрон остануваат високи. Меѓу наведените причини се и тоа што бројот на заразени падна под пикот и дека бројот на хоспитализирани е помал од очекуваното.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.