Данскиот министер за здравство Магнус Хојникe е позитивен на ковид-19 и се наоѓа во самоизолација во хотел во Брисел, соопшти Министерството.
Хојникe останал во својата хотелска соба и не бил во контакт со други министри, соопштија од данската постојана мисија во Европската унија.
Хојникe (46) пристигна во Брисел вчера вечерта и бил позитивен на денешниот утрински тест, пред состанокот на Советот, се вели во соопштението на неговото министерство.
Тој има само благи симптоми, вклучително и болки во грлото.