Филмскиот фонд на Македонија ги објави резултатите од конкурсот за средства за играни, документарни, краткометражни и анимирани филмови за 2013 година.
Режисерите Дарко Митревски и Владимир Блажевски, односно нивните продуцентски куќи „Кино око“ и „Панк филм“ од Фондот добиле по околу 490 илијади евра за снимање на нивните нови филмови: „Аферата Мис Стон“ на Митревски и „Слобода или смрт“ на Блажевски.
Од помладите режисери, средства во висина од по 195 илијади евра, добиле Вардан Тозија за филмот “Безимени“, Ѓорче Ставревски за „Крани“, Јане Ќортошев за филмот насловен „Земја на праските“ и режисерите Осман Демири Куштрим Бектеши за филмот „Незаборавена пролет во заборавено село“. Уште 5 илијади евра добила продукцијата на Александар Поповски, „Кино око“ за филмот “Балканот не е мртов“.
Краткометражни филмови ќе снимаат режисерите Саша Станишиќ,
Сабедин Селмани, Марија Апчевска, Игор Алексов, Филип Матевски со по околу 33 илијади евра и Небојша Јовановиќ и Сабидин Али со по околу 15 илијади евра.
Анимирани филмови ќе снимаат Иван Ивановско и Жарко Иванов со по околу 14 илијади евра, а Вук и Теона Митевски со околу 32 илиади евра.
Доделени се и по околу 30 илијади евра за документарни филмови на Фросина Наумовска, Бесфорт Имами, Арбен Тачи, Гоце Цветановски, Елизабета Конеска и Сенад Абдули. На режисерката Петра Селишкар и се доделени околу 32 илијади евра за документарен филм со малцински македонски удел.