Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Даштевски го штити Миленко Неделковски, по изборите да си оди од КЗД

0
By Нова ТВ on December 10, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, December 10, 2016 13:49

Раскол во Комисијата за заштита на дискриминација. По соопштението на Мрежата за заштита од дискриминација по повод мислењето на Комисијата за заштита од дискриминација за Миленко Неделковски, членот на Комисијата Беким Кадриу, испрати реакција до Мрежата со која јавно се дистанцираше од мислењето.

На 6 декември Мрежата за заштита од дискриминација со соопштение до јавноста, мислењето на КЗД со кое не утврдува дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет во емисијата „Миленко Неделковски Шоу“ го оцени како спотивно на Законот за спречување и заштита од дискриминација и како несериозно и паушално толкување на законите на Република Македонија со цел пронаоѓање на аргументи за одбрана на Миленко Неделковски. По испратеното соопштение членот на Комисијата, проф. д-р Беким Кадриу се дистанцираше од мислењето:

„Како член на Комисијата за заштита од дискриминација морам јавно да се дистанцирам од „писмото“ напишано и потпишано од Претседателот на Комисијата. Прво, ова писмо на Претседателот не е никаков став на Комисијата. Писмото нема форма ниту на одлука, на мислење или на заклучок. Со тоа, ваквото “писмо” не е усвоено на седница на Комисијата туку претставува израз на лична воља на претседателот. Второ, со завршување на постапката по претставката на овој начин, без усвојување на мислење од Комисијата како колективно тело, Претседателот ја злоупотребува положбата и узурпира надлежност на Комисијата. Трето, од аспект на содржината, јас како член на комисијата не се согласувам со многу делови од „писмото“, за што, ако истото остане такво какво што е, ќе поднесам и аргументирам издвоено мислење. Сигурен сум дека со овој мој став се согласуваат и други членови на Комисијата.“– напиша Кадриу.

Со ова се потврдија нашите сомневања дека претстдателот на КЗД, Александар Даштевски, работи спротивно на Законот за спречување и заштита од дискриминација, не ја почитува независноста загарантирана со Законот и ја користи својата полжба како претстдател на институцијата за одбрана на дискриминатори биски до власта, додава Кадриу.

Мрежата за заштита од дискриминација го повика Сообранието на Република Македонија, веднаш по изборите да го разреши Александар Даштевски како претседател на КЗД, како и останатите членови кои не ги исполнуваат критериумите на независност и стручност и да организира транспарентен избор на нов состав на Комисијата, со цел оваа институција да профункционира согласно Законот и да обезбеди ефикасна заштита од дискриминација на граѓаните на Република Македонија.

По формирањето на новото Собрание, Мрежата ќе испрати барање до пратениците за разрешување на Александар Даштевски, поради злоупотреба на службената положба и нестручно и несовесно вршење на функцијата.

Александра Даштевски Беким Кадриу Комисија за заштита од дискриминација Миленко Неделковски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
shortcut
ФОКУС
June 25, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

ВЕСТИ June 25, 2026

Земјотресите што ја погодија Венецуела се најсилните регистрирани во земјата во повеќе од сто години,…

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.