Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Даштевски: Првите 250 фингерпринт апарати ќе пристигнат на 25 август

0
By НОВА ТВ on August 12, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Државната изборна комисија (ДИК) го потпиша договорот со германската компанија „Дермалог“, која треба да ги набави потребните терминали за читање отпечатоци од прсти, системот за нивно функционирање, а ќе се грижи и за нивно одржување во следните четири години односно четири изборни циклуси. Договорот е во висина од околу 11 милиони евра. Првите 250 терминали за читање на отпечатоци од прсти што ќе се применуваат на локалните избори на 17 октомври годинава во земјата треба да пристигнат на 25 август, истакна денеска во интервју за МИА претседателот на ДИК Александар Даштевски.

-Договорот е склучен и покрај ова што го рековте вие софтверот и терминалите тука спаѓа и друга опрема што значи дополнителна опрема, резервни делови, тука спаѓа кутијата односно класичното куферче за чување на опремата кое исто е направено по одредени стандарди за да не може да подлежи на кршење, на прашина, вода, литиумски батерии, тука се каблите за поврзување и целокупната опрема. Со него е купен и мрза скенерот и термалниот принтер, изјави Даштевски.

Тој потенцира дека договорот ги опфаќа и услугите што компанијата треба да ги испорача кон Комисијата во наредните четири години. 

-Услугите како што е дефинирано вчера во договорот ќе траат не само за овој избирачки процес, туку ќе траат во наредните четири години, сервисирање на опремата и спроведување на целиот изборен процес во смисла на ставање на отпечатоци на прст. Она што беше дилема во јавноста дека зошто ваков договор и како ќе се направи тоа, значи е решено со ова, бидејќи сервисната поддршка ќе изнесува 60 месеци, сметано од потпишување на договорот и согласно со планот за поддршка и одржување наведена во техничкиот дел на понудата на носителот на набавката, а носителот на набавката е компанијата со која го склучивме, тоа ќе значи дека тие услуги што ќе ги дадат се да бидат присутни тука на теренот со 150 и повеќе инжинери ако проценат. По склучување на договорот тие ќе склучат договори со контрактори и супконтрактори што ќе им бидат тука за помош, за логистика, вели Даштевски за МИА. 

Меѓу другото, објаснува дека вработени од компанијата „Дермалог“ ќе направат технички преглед на терминалите, ќе мора исто така да направат прирачници за користење што ќе ги има секој претседател и заменик претседател на избирачки одбор се работи за некаде околу 7.000 луѓе кои исто така ќе бидат обучени. Вработени од „Дермалог“ исто така ќе го вршат полнењето и празнењето на терминалите со податоци од избирачкото место на кое ќе биде употребен соодветниот терминал. 

-Нивниот софтвер треба да го поврзат со нашиот софтвер и да ги наполнат терминалите со бројчиња по Избирачки список односно по избирачки места, вели Даштевски. 

Посочува дека како посигурна ја избрале варијантата терминалите да ги содржат само податоците за лицата кои ќе гласаат на избирачкото место. Терминалите нема да бидат поврзани со интернет, а се гарантира и безбедноста на личните податоци на граѓаните. 

-Ние имаме наши закони и тоа ќе регулираме со Агенцијата за заштита на лични податоци и нас, како што знаете, МВР ни ги предаде податоците во неделата. Тие се криптирани и не може никој да ги отвори и се внесени кај нас во серверот. Не може никој да ги отвори. Кога ќе дојде денот за полнење ќе се декриптираат и ќе се полнат во тие терминали. Точно ќе се знае за кое избирачко место, кој терминал ќе биде. Оние што ќе управуваат со нив (терминалите) не можат да ги извадат, да ги отворат бидејќи постои специјален сервер со кој се полнат и само тој сервер е програмиран за тоа, изјави Даштевски. 

Вработени на „Дермалог“ ќе бидат мобилни и на денот на изборите и во секоја ОИК ќе има по еден или двајца инжинери кои ќе бидат постојано на услуга. На крајот од изборниот ден терминалите ќе бидат земени од избирачките одбори и податоците ќе бидат вратени во серверот, потоа повторно ќе бидат криптирани и ќе бидат вратени на МВР.

Терминалите, системот, другата опрема и услуги што „Дермалог“ ќе ги дава за четири изборни циклуси по ред ќе чинат околу 11 милиони евра.

-Сега за локалните избори, понатаму следните претседателски, парламентарните и локалните избори сервисот и оваа постапка што ја кажувам тие треба да ја спроведуваат. Тоа ќе биде за пет години, сервисирањето е четири години за апаратите, а гаранцијата е пет години за апаратите. Вкупната сума за пет години е 678 979 979 денари, изјави Даштевски.

Исплатата на оваа сума, доколку целиот процес успешно се изведе, ќе биде по завршувањето на локланите избори односно средината на ноември годинава.

Во интервјуто што МИА ќе го објави во сабота, Даштевски оценува дека подготовките за локалните избори ќе бидат навремени и покрај тоа што измените на Изборниот законик допрва ќе бидат донесени, паралелно ќе се одвива обуката за примена на терминалите за отпечатоци од прсти, едукацијата на новоизбраните членови на избирачките одбори… Даштевски исто така вели дека и за овие избори ќе се применуваат мерките за спречување на ширењето на Ковид-19, со исклучок на должината на гласање имајќи предвид дека тоа беше уредено со владина уредба. 

Даштевски Дик избори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.