Published: Saturday, January 23, 2016 10:14
Војници кои биле ангажирани за обезбедување на Светскиот економски форум во Давос се вратени дома, поради употреба на канабис и кокаин, сооопшти денеска швајсарската војска.
Воената полиција била повикана да испита една цела единица војска по сомневањата дека користеле дрога.
Како што пренесува Би Би Си, тестовите покажале дека 12 војници уживале канабис, а кај петмина се најдени траги од кокаин.
Оваа единица е дел од околу 4.500 војници задолжени за обезбедување на Светскиот економски форум.




