Турскиот премиер Ахмет Давутоглу поднесе оставка која пак е прифатена од претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.
Давутоглу ќе остане на функцијата до формирањето на новата влада.
Откако владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) го загуби парламентарното мнозинство на изборите во неделата, во Турција треба да се состави коалициска влада со некоја од опозициските партии.
Тој процес би можел да трае со недели.
Според наводите, опозициските партии ќе се ангажираат за отфрлање на предлозите на владејачката партија и ќе се обидат да го ограничат влијанието на Ердоган во владата.
Друга опција за Партијата на правдата е да се обиде да продолжи сама со малцинска влада.
Претседателот Реџеп Тајип Ердоган се очекува да му довери на Давутоглу да формира нов кабинет, откако ќе бидат објавени конечните резултати од изборите.




