Републиканците ја задржаа контролата над двата дома во американскиот Конгрес и ги разбија надежите на демократите дека барем во Сенатот ќе успеат да го вратат мнозинството, покажуваат прелиминарните резултати од изборите.
Иако останува да се пребројат гласовите во уште неколку сојузни држави, според проекциите на американските медиуми, демократите можат да сметаат дека ќе преземат едно, или евентуално две места од републиканците во Сенатот.
Републиканците во следните две години ќе имаат најмалку 52 места во Сенатот од вкупно 100. Тие и досега во овој дом на Конгресот имаа мнозинство од 54 спрема 46 сенатори демократи.
И во новиот состав на Претставничкиот дом републиканците ќе го задржат мнозинството, иако засега не се знае колкаво ќе биде. Досега во долниот дом на Конгресот до 435 места, репуубликанците имаа 247, наспроти демократите со 188.
Инаку на изборите во САД освен претседател, се бираа сите членови на Претставничкиот дом и третина од Сенатот.




