Македонска каратистката Пулексенија Јованоска го освои претпоследното место во кати во својот дебитантски настап на Олимписките игри. Таа ноќеска настапи во првата квалификациска група и освои 23.80 и 24 поени, односно оствари просек од 23.90 што беше недоволно за пласман во наредната рунда.
Јовановска на крајот заврши како последна, петта, во својата група или вкупно деветта од десет натпреварувачки.
Од македонските претставници на Олимпијадата во Токио останува уште настапот на борачот Магомедгаджи Нуров во дисциплината слободен стил, 97 килограми. Нуров на борилиштето ќе се појави утре (6 август).