Published: Monday, March 11, 2019 08:49
Британската премиерка Тереза Меј ја загубила поддршката од речиси сите министри од Кабинетот поради Брегзит, објави Дејли меил.
Според весникот, само двајца министри се уште и даваат поддршка на Меј, додека останатите „изгубиле доверба во нејзината способност да раководи“, нагласува извор за весникот.
Министрите сакаат Меј да поднесе оставка не подоцна од јули за да може следниот лидер на Конзервативната партија да ја спроведе следна етапа од преговорите за напуштање на Европската унија ако Парламентот одобри брегзит без договор со Брисел.




