Конзервативците на премиерот Дејвид Камерон од досега преброените гласови, освојува 325 од 650 пратенички мандати, и речиси е јасно дека тој добива нов 5-годишен мандат како премиер.
Опозициските лабуристи и Ед Милибанд, засега имаат 229 места во Долниот дом. Како што пишуваат британските медиуми, се очекува негова оставка како лидер на партијата по резултатите за кои тој изрази длабоко разочарување.
Шкотската национална партија (СНП) во четвртокот освои мнозинство на британските парламентарни избори одржани во Шкотска, што би можело да поттикне нова битка за независноста на оваа британска покраина. По објавените резултати во повеќе од половина шкотски изборни единици, СНП има 56 мандати.
Најџел Фареџ си поднесе оставка по големиот пораз на неговата партија УКИП.
Оставка се очекува и од лидерот на Либ Дем, Ник Клег, чија партија освои 8 мандати, откако претходно имаа 57.
– Мојата цел е единствена, да ја сплотам Велика Британија и наскоро да го реализираме ветеното. Кратко да кажам, сакам мојата партија и јас да водиме „Една и единствена Велика Британија“, изјави Камерон по резултатите.




