Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Декларација на групата „ Араиолос“: Потребна ни е силна и инклузивна Европска унија

0
By Нова ТВ on October 12, 2019 СВЕТ
Фото: total-croatia-news.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Потребна ни е силна, инклузивна Европска унија, порачаа шефовите на држави од групата „Араиолос“ во нивната заедничка декларација по 15. неформален самит во Атина. Во заедничкиот документ на претседателите на Бугарија, Германија, Естонија, Ирска, Италија, Хрватска, Летонија, Малта, Унгарија, Полска, Португалија, Словенија и домаќинот Грција ги споменаа и последните европски избори за кои велат дека „испратија позитивна порака за иднината на Европа, бидејќи изразија јасен проевропски дух“.

„Потребна ни е силна, инклузивна Европска унија, Унија која има заеднички институции, Унија која постојано ја оценува својата работа на критичен начин и способна е самата да се реформира, Унија заснована на нејзините граѓани и на нејзините земји-членки како нејзини основни темели. На оваа Европа ѝ треба динамична политичка дебата за најдобриот пат напред, почнувајќи од Римската декларација од 25 март во 2017 година. Европа е во позиција да издржи многу широк спектар на различни погледи и иновативни идеи. Враќање на Европа во која земјите не се повеќе рамноправни партнери, туку противниците мора да се избегне, бидејќи тоа би довело до заживување на блиски конкурентни интереси, заживување кое е штетно за градењето заедничка и одржлива иднина на кревката планета“, пишува во декларацијата.

Претседателите коментираат дека ЕУ во изминатите месеци се соочува со повеќе сериозни предизвици од било кога и додаваат дека за одредени прашања може да има различни ставови меѓу граѓаните и владите на земјите членки, но сите се согласни дека неопходна е обединетост.

„Само силна заедница, што работи заедно е во позиција да се соочи со глобалните предизвици на нашето време. Последиците од климатските промени, тероризмот, економската глобализација и миграцијата не застануваат на националните граници. Ќе успееме да се справиме со овие предизвици и да продолжиме на патот кон економска и социјална интеграција и развој, само ако работиме заедно како рамноправни партнери на институционално ниво“, додаваат претседателите на 13. држави од групата „ Араиолос“.

Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос, на крајот од Самитот рече дека декларацијата доаѓа во многу критично време, време кога мирот е ставен на тест „за да покаже дека Европа не треба да остане на маргините кога постојат воени операции во нејзина близина“.

„Голем е јазот што се создаде кога Европа остава да се повредува, да се прекршува меѓународното право, толку многу, толку длабоко и така неразумно. Не можеме да останеме рамнодушни, имаме долг да ги браниме основните столбови што водат кон европско обединување: претставничка демократија заедно со владеењето на правото и основните човекови права и основните – Принципи на солидарност и правда“, рече Павлопулос.

Претседателите на Бугарија, Германија, Естонија, Ирска, Италија, Хрватска, Летонија, Малта, Унгарија, Полска, Португалија, Словенија и домаќинот Грција, по вчерашната еднодневна дискусија на тема „Основниот принцип на солидарност како клуч за продлабочување на Европската унија и за дополнително промовирање на Европската интеграција: кои дополнителни чекори се потребни“, закажаа нова средба во октомври во 2020 година во Лисабон.

Атина Група „Апаиолос“ Самит
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

ВЕСТИ October 6, 2025

Во египетското одморалиште Шаем ел Шејк почнаа индиректните разговори помеѓу делегациите на Израел и Хамас…

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.