Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Декларацијата за воена интеграција – потврда за зајакнувањето на Северна Македонија како доверлива и важна членка на Алијансата

0
By НОВА ТВ Balaban on November 16, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Командантот на Врховната сојузничка команда на НАТО за трансформација, генерал Филип Лавињ, како дел од агендата за воено интегрирање на Република Северна Македонија во структурите на НАТО, кое формално ќе се означи со денешното потпишување на Заедничката декларација за интеграција, претпладнево се сретна со министерката за одбрана, Радмила Шекеринска и началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.

Како што соопштија од ГШ, по церемонијата за прием со воени почести пред Министерството за одбрана, генералот Филип Лавињ најпрвин се сретна со генералот Ѓурчиновски со кого разговарале за активностите кои ги спроведува Армијата во процесот на трансформација и достигнатото ниво на подготвеност во исполнувањето на НАТО – целите на способности.

Од страна на генералот Ѓурчиновски, за време на разговорот, е истакнато дека Армијата на Република Северна Македонија во изминатиот период работеше напорно и во континуитет во насока на исполнување на задачите од армискиот дел во интегративниот процес, како и во унапредување на постигнатите НАТО стандарди и критериуми.

Министерката Радмила Шекеринска за време на средбата се заблагодари на генералот Лавињ, кој како командант на Врховната сојузничка команда на НАТО за трансформација пристигна во Скопје за да се финализира процесот на интеграција. Шекеринска, се посочува, кажа дека за Северна Македонија е гордост што успешно го заврши интегративниот процес, истакнувајќи дека земјата ќе продолжи со посветеност да учествува во процесите на трансформација кои континуирано се одвиваат во НАТО и со тоа да придонесува во заедничките одбранбени способности на Алијансата.

Генералот Лавињ кој во текот на вчерашниот ден за време на финалната интегративна конференција истакна дека чинот на формално воено интегрирање претставува успех не само за Северна Македонија туку и за НАТО, во текот на денешните разговори го истакна значењето на денешното потпишување на Заедничката декларација за интеграција, кое не само што претставува важно достигнување на одбранбените способности, туку и го потврдува зајакнувањето на Република Северна Македонија како доверлива и важна членка на Алијансата, земја членка која е подготвена и способна да ја прилагоди својата одбранбена структура и сили.

За време на оваа историска посета на Република Северна Македонија со која се означува потполната интеграција во НАТО, генералот Лавињ по средбите во Министерството за одбрана и Генералштабот се сретне и со претседателот на Владата, Зоран Заев и со претседателот на Република Северна Македонија и врховен командант на Вооружените сили, Стево Пендаровски.

По планираните состаноци со претседателот на Владата Зоран Заев и претседателот на државата Стево Пендаровски ќе се реализира свечена церемонија за потпишување на Заедничката декларација, на која по обраќањето на првите луѓе во одбраната и командантот на Сојузничката команда за трансформација, генералите Ѓурчиновски и Лавињ ќе ја потпишат Заедничката декларација со која и формално Северна Македонија ќе биде целосно воено интегрирана во НАТО – Алијансата.

 

Васко Ѓурчиновски Генерал декларација за интеграција НАТО Радмила Шеќеринска Филип Лавињ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.