Јон Фрчкоски: Глумејќи „неутрален експерт“, авторот пласира апсурдна и глупава теза која е целосно на линија на политичкиот наратив на ВМРО-ОКГ за ширење страв и држење на земјата во изолација.
Писанието служи за јавноста да се труе со погрешен, фабрикуван аргумент чија единствена цел е „перење“ на блокадата на уставните измени и внесувањето на малцинствата во Уставот.
Анализирана низ призмата на правото, фактите и политичката реалност, оваа теза паѓа на три клучни столба:
- Конспирација како замена за правни аргументи
Оваа небулозна позиција не е аргументирана врз ниту еден уставно-правен принцип или меѓународен факт. Наместо тоа, авторот ја продава како некаква „тајна конспиративна информација“. Ваквиот пристап е јасен израз на класично незнаење, камуфлирано со теории на заговор, или уште полошо – претставува свесно и тенденциозно извитоперување на вистината за дневнополитички потреби.
- Опасна и штетна стигматизација на сопствениот народ
Тврдењето не само што е правно целосно погрешно, туку е и исклучително штетно само по себе. Да обвиниш над 200.000 македонски граѓани дека се “монета за поткусурување” во рацете на Софија е срамно. Тие луѓе поседуваат двојно државјанство од мноштво различни причини – првенствено економски и егзистенцијални, заради перспективата и пристапот до пазарот на труд што ги нуди европскиот пасош, а не поради некаква национална свест.
Демографијата и уставното право не се водат по странски бирократски регистри за пасоши, туку по официјална статистика. Во Македонија, според последниот попис, има 3.500 Бугари. Тоа е единствената релевантна, легална и легитимна бројка што државата ја препознава.
- Преговарачката рамка како штит, а не закана
Се игнорира основниот факт дека уставните измени и внесувањето на малцинствата се дел од условите и преговорите со Европската Унија. Преговарачката рамка, која го интегрира т.н. француски предлог, не е алатка за бугаризација, туку напротив – таа е апсолутен и најсилен меѓународно-правен заштитник на македонскиот национален идентитет и посебност. Токму преку неа се затвора просторот за негирање на македонскиот народ, одвојувајќи го правно и суштински од сите останати заедници.
На Македонија не ѝ требаат квази-експертски конспирации кои се само алиби за изолацијата на ВМРО-ОКГ, туку рационално носење на државнички одлуки кои го гарантираат европскиот пат и националниот идентитет.
Извор: Фејсбук



