Published: Friday, December 25, 2015 10:06
Верниците од Римокатоличката, Англиканската, протестанските цркви и дел од православните цркви кои се водат по Грегоријанскиот календар, денеска го прославуваат Христовото раѓање- Божиќ.
Централната миса се одржа во базиликата Свети Петар и Павле во Ватикан каде поглаварот на Римокатоличката црквата Папата Франциско, меѓудругото, повика на трезвеност и чувство за праведност во општествата полни со нарцисоидност.
Полноќната миса ја следеле над 1,2 милијарди верници во светот. Таа годинава се одржува под засилени безбедносни мерки поради терористичклите напади и заканите од џихадистите.
Бадник традиционално беше прославен и во Витлеем, родното место на Исус според Библијата, но за разлика од претходните години, со многу помал број посетители.




