Во четврток  во 18 часот во Музејот нa современа уметност во Скопје, ќе биде отворена изложбата „Родченко и омаж од 20 графички дизајнери“.

Изложбата на дела на Александар Николајевич Родченко се организира за прв пат во Македонија..

Таа ќе биде проследена со поставка на плакати од современи графички дизајнери чија инспирација е токму овој автор, а е дел од патувачката изложба насловена „Родченко 120“ по повод годишнината од раѓањето на уметник.

Изложбата е последната од низата активности кои „Плакарт“ ги реализираше во рамки на програмата по повод јубилејот 5. години од формирањето на Здружението за графички дизајнери и иницирањето на проектот Меѓународен конкурс за студентски плакат.