Делови од Арачиново веќе три дена се без струја, а ЕВН одбива да прати екипи, со образложение дека вработените биле изложени на вербални и физички напади во селото, објави ТВ21.
„Во селото Арачиново, локалните жители не и дозволуваат пристап на тимовите на Електродистрибуција и ги спречуваат да ги извршуваат своите редовни технички активности и санирање на дефекти. Поради постојаното нелегално користење струја од страна на жителите, потстаниците се преоптоварени и се случуваат големи дефекти. Исто така, оштетен е и дел од другата опрема“, велат од ЕВН за телевизијата.
„Премногу често, екипите на Електродистрибуција“ се соочуваат со вербални и физички напади. Ова целосно го оневозможува нормалното функционирање и извршувањето на работите. Сѐ додека нема услови за работа и нормално функционирање поради наведените причини, нема да има можност да се поправат дефектите“, додаваат од компанијата.