Делови од Скопската котлина попладнево беа зафатени од локално невреме, проследено со пороен дожд, грмежи и засилен ветар.

Синоптичарите и за утре најавуваат нестабилно време, а преодно стабилизирање се очекува во петок, додека за време на викендот во попладневните часови повторно ќе има изолирана појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.

Од недела ќе дува засилен северен ветар што ќе донесе и мал пад на температурите.